11:53 - 27 ноември, 2026

„Бог да ме убие ако не се разведам“: Зорица Брунцлик се најде во непријатна ситуација, па јавно му се обрати на Кемиш

Пејачката Зорица Брунцлик се најде во центарот на вниманието поради контроверзна изјава што ја даде за време на синоќешното издание на музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“.

Зорица привлече големо внимание кога, во желба кандидатот да добие поддршка, реши на несекојдневен начин да го анимира Драган Стојковиќ Босанац.

Во еден момент таа стана од своето столче и преку танц се обиде да го натера да даде позитивен глас за кандидатот на Вики Миљковиќ, што во студиото предизвика вистински хаос и бројни реакции.

Босанац на крајот попушти и го смени својот глас во „Да“, а Зорица по настапот му се обрати со шега:

„Ако поради тебе не се разведам од Мирољуб, Бог да ме убие“, се пошегува Зорица.

Сепак, Босанац потоа му се обрати и на кандидатот со коментар:

„Овде сите си даваме право да воведуваме некакви корекции, но јас ќе воведам едно правило што не ми се допадна. Ти пееше одлично, со многу малку фалш, но ништо не ми се допадна затоа што двете песни звучеа како една и како да дојде тука само да се „испразниш“. Имам право да не ми се допадне“, изјави Босанац.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо
Се вчитува....