1.8 C
Скопје
22:00 - 21 февруари, 2026

„Бис“ свадбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек започна со малер: несреќа за мајката на актерот

Според гласините, мајката на Афлек ја повредила ногата токму на имотот кој ќе биде домаќин на венчавката викендов.

Уште на стартот на бис-венчавката на Џенифер Лопез со Бен Афлек се случува пресврт: според гласините објавени од страна на Page Six и Daily Mail, вчера мајката на актерот била пренесена со брза помош во болница откако ја повредила ногата на имотот кадешто треба да се случува венчавката, во Џорџија, САД. Поточно во „несудената“ вила за првата свадба која требаше да се случи многу одамна, пред првпат да раскине славната двојка.

Засега не се знае дали венчавката ќе биде одложена поради несреќата, или сепак, ќе се одржи.

Најпрво се пишуваше дека едно од децата кои двајцата актери го имаат од претходните бракови е повредено. Оваа гласина се прошири поради фактот дека брзата помош го однела повредениот член на семејството Афлек-Лопез во Сент Џозеф Кендлер, односно – детска болница во Савана. Потоа, гласините биле потврдени дека таа болница била најблиску и најприкладна за да ѝ се даде помош всушност на мајката на Афлек која сериозно ја повредила ногата.

Инцидентот се случил на импозантниот имот Рајсборо, Џорџија, непосредно пред свадбата која е закажана за денес и утре, а гостите пристигнуваат уште од вчера (петок). Така очевидец на непријатниот настан бил и веќе пристигнатиот колега на Афлек и голем пријател, Мет Дејмон.

Лопез и Афлек се венчаа на првата свадбена церемонија далеку од центарот на вниманието во Лас Вегас на 17 јули годинава.

Слични објави

(Фото) Семејството Чолиќ повторно во проблем: Уна се огласи – „затоа ја напуштам целата приказна“

Еспресо

Драгана Беквалац неутешна по смртта на најдобрата пријателка: Објави досега невидени фотографии со Татјана Јечменица

Е.А.

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо
Се вчитува....