10.8 C
Скопје
01:38 - 14 мај, 2024

Неделен хороскоп (22 – 28 август): Среќна недела за Лавовите, нови можности за Рибите, добри вести за Водолиите…

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот Девица за да влезе во Вага, носејќи добри вести за сите воздушни знаци, но и за други знаци… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: Пречки на работа
Драг Овен, оваа недела за жал ќе го почувствувате влезот на планетата Меркур во спротивставеност со вашиот знак. Во следниот период, подемот на вашата кариера може да има одредено забавување, но нема за што да се грижите премногу: Јупитер е со вас и планетата на среќата гарантира долгорочен успех. Љубовта е фаворизирана благодарение на прекрасната Венера која на ваша страна. Нервозна месечина помеѓу понеделник и среда: подарете си совршено средство за ослободување од стрес за вашиот знак!

Бик: комплициран период …
Драг Бик, продолжувате да имате тежок период кога се во прашање чувствата. Венера во знакот Лав носи уште некои кавги и дискусии со партнерот. Особено внимавајте на нервозните денови четврток и петок, кога дури и Месечината ќе биде против вас. Добри вести, сепак, на работното место: помеѓу понеделник и среда поволната Месечина заедно со Меркур може да ви донесат добри вести и финансиски благодет.

Близнаци: одлично закрепнување!
Драги Близнаци, за вас започна фазата на обновување на енергијата која ќе трае цела година. Долгиот транзит на Марс во вашиот знак ќе ви донесе финансиска полза во наредните месеци, но и добро здравје и психофизичка состојба, а дополнително и ќе бидете полни со идеи, проекти и сила што ви е потребна за да ги реализирате проектите. Понатаму, оваа недела и планетата Меркур ќе престане да ви пречи на патот и ќе почне да делува во ваша корист, подготвена да ви даде нови можности на полето на работата.

Рак: Месечината се грижи за вас!
Драг Рак, оваа недела за жал планетата Меркур ќе ви го заврти грбот: почнувајќи од петок може да наидете на уште некои пречки на вашиот пат, особено на работниот план. Ситуацијата дефинитивно ќе се подобри наесен, кога дури и Јупитер, сега неповолен, ќе се врати да ви се насмевне. Супер среќната недела започнува со прекрасна месечина во понеделник, вторник и среда.

Лав: среќна недела!
Драг Лав, август е многу среќен месец за вашиот знак! Не само што можете да сметате на поддршката на Венера, која ви дава многу убави емоции во сентименталната сфера, туку – почнувајќи од петок – на ваша страна ќе ја имате и планетата Меркур, која ќе донесе добри вести, средби и можности во контекст на работата. Четврток и петок се денови полни со среќа со прекрасна Месечина во знакот.

Девица: искористете го Меркур!
Драга Девица, планетата Меркур ќе остане во вашиот знак до петок: искористете ја можноста да направите чекор напред доколку имате некаков предлог да направите или да се соочите со дискусија што ви е при срце, тоа ќе помогне во дијалогот и во семејството, но и во работата. Малку повеќе стрес поради неповолната положба на Марс, кој генерира замор и одзема енергија. Сепак, убаво закрепнување ве очекува меѓу сабота и недела, кога Месечината ќе свети во вашиот знак.

Вага: добредојде, Меркур!
Драги Ваги, оваа недела планетата Меркур ќе биде во љубов со вашиот знак, подготвена да ви даде многу убави можности, особено на полето на работата. Почнувајќи од петок, вашата способност да се поврзувате со другите, вашиот шарм и вашите социјални вештини вртоглаво ќе пораснат и тоа ќе ви овозможи да запознаете нови луѓе и да добиете позитивни резултати. Пазете се од неповолните месечеви денови: понеделник, вторник и среда.

Шкорпија: љубовни болки …
Драга Шкорпија, оваа недела за жал ќе мора да се справите со Венера во неповолна положба, која може да ви донесе уште некоја љубовна болка. Најтешки денови, во кои ќе биде подобро да избегнувате дискусии со партнерот, ќе бидат четврток и петок. Подобро да се фокусирате на помирните денови- сабота и недела. Добри вести би можеле да пристигнат на работа во првиот дел од неделата, помеѓу понеделник и среда.

Стрелец: подобро да не се лутите!
Драг Стрелец, почнувајќи од петок планетата Меркур ќе престане да ги попречува вашите меѓучовечки односи (и во семејството и на работа) и ќе се врати да ви се насмевнува, подготвена да ви пружи нови средби и нови можности. Сигурно ќе има малку дополнителен замор поради противењето на Марс, што ризикува да ве направи доста раздразливи… Обложете се на среќните месечеви денови -четврток и петок.

Јарец: тешки денови …
Драг Јарец, за жал оваа недела – почнувајќи од петок – ќе мора да се справите со Меркур во неповолна положба која заедно со подеднакво неповолниот Јупитер ризикува да создаде дополнителна блокада или забавување на полето на работата. Ќе мора да почекате до есен за да се отпетлаат овие замрсени јазли… Посветете особено внимание на деновите кои ќе бидат прилично тешки -понеделник, вторник и среда со Месечината во опозиција.

Водолија: добри вести!
Драги Водолии, оваа недела конечно ве очекуваат добри вести! Планетата Меркур, почнувајќи од петок, ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви даде убави прилики за средба и размена, како во контекст на работата, така и генерално, во вашите врски. За жал, љубовта и понатаму е болна точка поради противењето на Венера… Кавги со партнерот се очекуваат помеѓу четврток и петок, денови во кои дури и Месечината ќе ви се спортистави правејќи ве нервозни.

Риби: нови можности на хоризонтот!
Драги Риби, конечно оваа недела планетата Меркур ќе престане да биде во опозиција со вашиот знак! Пречките на кои наидовте во врските во последниот период, особено во професионалните, ќе ви бидат само далечно сеќавање и малку по малку ќе видите како се појавуваат нови можности околу вас. Марс во неповолна положба ве уморува повеќе отколку што бевте на почетокот на летото … Пазете се од Месечината во опозиција помеѓу сабота и недела!

Слични објави

Тончи Хуљиќ за Евровизија: „Цивилизацијата се распаѓа…“

еспресо

(Видео) „Чао, чао грд стану!“: Николина Пишек си ги спакува работите во кутии и се сели во вилата вредна 2 милиони

Еспресо

Андријана Јаневска за годинашната Евровизија: Ме поканија да ја претставувам Македонија на Евровизија, добро е што не отидов

Еспресо

(Фото) Која е убавата Исидора која му кажа „да“ на Сергеј Трифуновиќ, кој е 23 години постар од неа: Ќе се изненадите каде работи

Еспресо

Милионска бројка: Никола Роквиќ ја сподели точната сума на собраните пари

Еспресо

Се огласи членка на хрватското жири на Евровизија: „Не е фер што осудувате, еве како гласавме“

еспресо
Се вчитува....