9.8 C
Скопје
21:14 - 19 февруари, 2026

„Бев ограбен во Македонија, не ми ги оставија ни гаќите“: Дејан Милиќевиќ открива кои Македонки му помогнале, а на што не сака да се сети!

Пoзнатиот српски фотограф Дејан Милиќевиќ во тв-емисија за прв пат проговори за непознати детали од неговиот приватен и деловен живот.

Милиќевиќ се присети на својот живот во Македонија и на немилиот настан што му се случил. За помалку од еден час, му исчезнало сè што со години го стекнувал.

„Луѓето повеќе ме повредувале приватно отколку професионално. После 10 години во Македонија, за помалку 40 минути ми го испразнија целиот стан. Имав камери, монтажа, добро работев и заработив убав капитал, вложив се. За половина час се од станот беше на Косово и распродадено, а секако дознав многу подоцна. Тоа беше голем стан во Скопје, а блинд вратата не беше отворена, што е многу интересно, туку беше отклучена. Излегува дека некој еднаш ми го зел клучот и направил нов… Не сакам веќе ни да размислувам за тоа. Очигледно, сè мораше да се случи на тој начин. Се што заработив го немаше за 40 минути, не ми ги оставија ни гаќите. Дури го однесоа и рутерот, веројатно за да ми кажат дека не сум добредојден, рече Дејан и додаде:

„Кога гледам на Википедија дека пишува дека имам македонско потекло, полудувам затоа што немам ништо со Македонија освен што живеев таму 10 години. Еден прекрасен човек, Бранислав Јовановиќ ми понуди да живеам кај него и да работам со него додека не застанам на нозе. Секоја вечер на моите најблиски во Србија им испраќав цигари, лекови, облека, се што им требаше додека траеше бомбардирањето. После се, ми останаа двајца пријатели во животот и за тоа сум му благодарен на Бога. Тоа што издржав на сцената 30 години и што изгледам вака божествено е награда од универзумот зашто секогаш се трудев да помогнам на луѓето и да бидам максимално коректен“.

А потоа фотографот откри коои Македонци никогаш нема да ги заборави.

„Не е се така црно… почнав од нула, никогаш нема да ги заборавам актерката Весна Петрушевска и пејачката Верица Пандиловска, кои веднаш ми притрчаа на помош во периодот на бомбардирањето, а тоа ќе го паметам додека сум жив“, рече Милиќевиќ, а пренесуваат српските медиуми.

Слични објави

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо
Се вчитува....