18.8 C
Скопје
17:46 - 12 септември, 2026

Бен Афлек ја заборави Џенифер Лопез: Ќе излегува само со жени кои исполнуваат одредени услови

Бен Афлек е расположен за нови средби по разделбата со Џенифер Лопез, но овој пат зазема поинаков пристап. Според упатените, 52-годишниот актер е заинтересиран само да излегува со жени кои се трезни или во фаза на закрепнување. За Бен ова беа неколку предизвикувачки години, особено по неговата шокантна разделба од Џенифер, па разбирливо е дека тој сака да ѝ даде приоритет на сопствената благосостојба и присебност додека оди напред, барајќи си за себе нова љубов.

„Тој сака само да излегува со некоја која е трезна или во фаза на закрепнување. Овие изминати две години беа тешки за Бен и сега кога тој почнува да закрепнува, едно е многу јасно: неговото закрепнување е пред се. Тој нема да ја стави својата трезвеност во опасност“, изјави инсајдер ексклузивно за DailyMail.com

По разделувањето со Џеј Ло, Бен се пресели од неверојатната палата од 68 милиони долари што ја делеше со Џенифер, во сопствената куќа во Брентвуд, Калифорнија. Јавната природа на нивното раскинување нанесе штета на него, според инсајдерот, а неговите пријатели се загрижени дека предизвиканиот стрес може да доведе до повторно фаќање за чашката. Затоа, неговата потрага по жена која е трезна е доказ за посветеноста на Бен за неговата сопствена трезвеност и дека е многу внимателен со кого романтично ќе се вмеша.

„Бен не се откажа од врските и конечно се чувствува подготвен да продолжи напред и да започне повторно да се забавува. Тој нема да скокне во ништо сериозно додека не се финализира разводот, но тоа не значи дека не може да се забавува“, додаде инсајдерот.

Јасно е дека Бен одвојува време за да заздрави и да обработи и надмине се што се случило. Неговиот фокус да остане трезен и да се опкружува со позитивни влијанија е за восхит. Важно е секој, без разлика дали е славна личност или не, да даде приоритет на својата ментална и емоционална благосостојба, особено откако ќе помине низ тежок период како раскинување на сериозна врска или развод.

Исто така, убаво е да се види некој, кој е во центарот на вниманието, отворено зборува за важноста на трезвеноста и како таа влијае во неговиот живот за идни средби и нови романси. Со тоа што е отворен за сопственото патување, Бен дава пример за другите кои можеби се соочуваат со слични предизвици.

 

 

 

Слични објави

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо

(Фото) Прв одмор со малата Тина — Александра Јанева ја покажа ќерката

Еспресо

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо
Се вчитува....