17.8 C
Скопје
16:02 - 23 октомври, 2026

Прва изјава на Драган Бјелогрлиќ откако е осуден: „Разочаран сум“

Првиот основен суд во Белград денеска го осуди режисерот и актер Драган Бјелогрлиќ на условна затворска казна од шест месеци со две години пробен период за насилничко однесување кон неговиот колега Предраг Антонијевиќ на 23 август 2021 година во хотелот „Амбасадор“ во Ниш.

Обвинителството и одбраната имаат право на жалба на оваа пресуда.

Образложувајќи ја пресудата, судијата наведе дека судот ги вреднувал сите материјални докази како и изјавите на сведоците, односно на очевидците на овој настан.

Како што наведе судијката што го водеше случајот, докажано е дека Бјелогрлиќ направил кривично дело – насилничко однесување со тоа што преку насилство тешко го пореметил јавниот ред и мир, но и како што напомена судијката, судот оценил дека не се однесувал дрско и безобѕирно. Судот го зел предвид и нивниот претходен спор кој трае со години, а за кого и двајцата потврдиле на судењето.

Кога станува збор за кривичната санкција, како олеснителни околности на обвинетиот судот сметаше дека се тие што нема осуди, дека е семеен човек и драмски уметник, а нема отежнувачки околности.

Судијата посочи дека оваа пресуда е мерка опомена, а не казна.

По излегувањето од судот, Бјелогрлиќ пред новинарите изјави дека не е задоволен од пресудата.

– Оваа пресуда е разочарувачка за мене. Мислам дека судот овие три години не усвои низа фактори и факти изнесени во судницата, што јасно покажа дека не сум го сторил кривичното дело за кое сум осуден. Моите адвокати ќе поднесат жалба и ќе ги искористат сите правни средства за да се изборат за праведен исход – рече Бјелогрлиќ.

Слични објави

„Хранам галеб, гулаби и и мачка двапати дневно“: Дорис Драговиќ за приватниот живот

Е.А.

(Видео) Јелена Розга во најсекси издание досега! Поради еден детаљ, сите се прашуваат истото

Еспресо

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

„Нема да поверувате колкава е разликата во години меѓу Брена и Боба“ — овој детал речиси никој не го забележал низ годините

E.A.

„Кажува добри работи за нејзини години“: Коки Јанков откри колку му значи мислењето на ќерката

Еспресо

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.
Се вчитува....