00:24 - 8 април, 2025

Бела Хадид за менталното здравје: „Имав сѐ, но чувствував дека го губам тлото под нозете“

Супермоделот Бела Хадид ја доби престижната награда „Златно срце“ за нејзината посветена борба за менталното здравје на младите. На гала-церемонијата во ресторанот Ципријани во Њујорк пристигна со нејзината мајка Јоланда Хадид, во вечерен фустан на Мајкл Корс и заработи овации од другите гости.

Бела Хадид е едно од најпознатите лица во светот на модата, може да се пофали со 27 насловни страни на „Вог“, но и покрај тоа се чувствувала вознемирено и како да губи контрола.

Таа минатата година јавно проговори за нејзината долга борба со нападите на паника, стрес и општото чувство на нелагодност.

Нејзините проблеми започнале кога во раните тинејџерски години се соочила со лајмска болест, бактериска системска инфекција која го нападнала нејзиниот организам и довела до ненадеен пад на имунитетот, поради што манекенката морала да се подложи на обемни болнички прегледи.

-Се чувствував ужасно, со месеци и години пробував бројни лекови и холистички додатоци, но ништо не помагаше, изјави Хадид, чие ментално здравје се влошило кога ја започнала стресната кариера во светот на модата.

-Имав сѐ, но чувствував дека го губам тлото под нозете. Бев беспрекорна пред камерите и на модните писти, но приватно постојано имав депресивни испади, напади на паника и солзи, изјави Бела Хадид која на сопствена кожа почувствувала колку е важна грижата за менталното здравје на младите. Затоа решила јавно да зборува за тоа.

Најважниот чекор во процесот на оздравување била психотерапијата, и особено новите навики кои станале неизбежен дел од нејзиното секојдневие.

-Сфатив дека морам да бидам благодарна за сѐ што ми дава животот, а не постојано да барам повеќе и повеќе. Покрај тоа, ја одделив работата од приватните задоволства и строго ја почитувам таа граница. Ми помага и медитацијата која можам да ја правам додека шетам во парк или во природа, а имам поддршка и од блиските луѓе на кои секогаш можам да им се доверам, изјави Бела Хадид и заработи овации од присутните, меѓу кои беше и легендарната модна уредничка Ана Винтур, водителка на церемонијата.

Слични објави

Сузана Манчиќ била на „подмладување на интимната зона“: Водителката откри детали за третманот

Еспресо

(Фото) Полна куќа: Катарина покажа што прави со децата на Дарко Лазиќ од претходните врски

Еспресо

„Ќe пеам уште неколку години“: Дара Бубамара го шокирала синот со својата одлука за кариерата

Еспресо

(Фото) Ова е сопругот на Ведрана Рудан: Многу е помлад од неа, успешен во бизнисот, сега ѝ е поддршка во борбата со болеста

Еспресо

Оваа пејачка завршила само основно училиште: Не прочитала ниту една книга, а денес е многу популарна

Еспресо

Поранешниот телохранител на Викторија и Дејвид Бекам пронајден мртов во Шпанија

Еспресо