5.8 C
Скопје
07:07 - 1 април, 2026

Бејби Лазања влезе на британската топ листа: Само еден хрватски уметник успеал во тоа

Марко Пуришиќ, попознат под псевдонимот Бејби Лазања, кој настапи како претставник на Хрватска на Евровизија со песната „Рим Тим Таги Дим“, доживеа уште еден голем успех – влезе во британската топ листа на синглови.

Имено, на официјалната страница на британските топ-листи песната „Рим Тим Таги Дим“ е на 70. место, пренесува Дневник.хр.

Покрај Марко, во топ 100 влегоа уште три песни од овогодинешниот Евросонг. Свое место си најде и британскиот претставник Оли Александер, кој со песната „Dizzy“ е на 34. место, потоа победничката песна „The Code“ е на 49. место, а протераниот Холанѓанец е на 81 место.

Освен Марко, ваков успех има постигнато само уште еден хрватски изведувач. Во 1959 година песната на Иво Робиќ „Морген“ се најде на 23-то место на британските топ листи.

Бејби Лазања веќе се пофали дека неговата песна е во топ 50 најпуштани песни на Спотифај во светот.

(Видео) Никола Роквиќ наиде на потешкотии по 23 дена пешачење кон Грција: „Пулсот ми е 95, малку ми се приспа“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....