5.8 C
Скопје
05:08 - 1 април, 2026

БАКА ПРАСЕ СО ИСКРЕНА ИСПОВЕД: „Пукнав! Две нешта сосема ме скршија, еве зошто исчезнав!“

Српскиот популарен јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, мина низ тежок период во последните неколку месеци.

Тој реши да се повлече од Јутјуб сцената кога раскина со поранешната девојка Ања Благојевиќ, но и кога го прозваа на социјалните мрежи и го поврзуваа со самоубиството на младата јутјуберка Кика Ѓукиќ. Со месеци не објавува ништо на социјалните мрежи, а сега реши да им се обрати на своите следбеници и преку искрена исповед да каже низ каков пекол поминал изминатиот период.

– Прво сакам да ви кажам дека ми недостигате, особено контактот со вас затоа што се исклучив. Мислам дека ви должам објаснување зошто ме немаше и зошто нема да ме има  – вака ја почна својата исповед Бака Прасе, па продолжи:

– Што се случи? Зошто исчезнав? Каде сега живеам? Дали повторно ќе снимам за Јутјуб? На овие прашања ќе се обидам да ви одговорам во следните неколку „стори“ објави.

принтскрин

„Психички многу ми влијаеше трагичната смрт на јутјуберката Кристина Кика Ѓуриќ. А веднаш потоа ме докрајчи разделбата од мојата сакана, фитнес инструкторката и инфлуенсерка Ања Блаа. Ања продолжи со својот живот не поради тоа што имаше многу сила по нашето раскинување, туку поради тоа што од ова заработува и нема друг избор. Не можам да тврдам дека никогаш повеќе нема да снимам, ќе го направам тоа доколку почувствувам, но сега е прерано за прогнози. Ви благодарам од срце за се“, напиша инфлуенсерот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....