06:05 - 19 август, 2026

(Видео) Бајден се шегува на своја сметка – „Руперт Мардок ме прави како Хари Стајлс“

Комичарот од „Дејли шоу“ Рој Вуд Џуниор на вчерашната гала вечера за дописниците од Белата куќа, годишна церемонија, која го обединува целиот политички и медиумски Вашингтон зборуваше за возраста на Џо Бајден, кој доколку биде избран на претседателските избори за втор мандат, би можел да остане на функцијата до 86 години.

Тој ги спомена демонстрациите во Франција против зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 64 години.

„Се побунија затоа што не сакаа да работат до 64 години. Во меѓувреме, во Америка имаме 80-годишник кој не моли да работиме уште четири години“, се пошегува тој предизвикувајќи широка насмевка од шефот на државата кој седеше на неколку метри.

„Дозволете ми да ја завршам работата“ – тоа не е слоган на кампањата, тоа е негова молба“, рече комичарот.

„Кажете што сакате за нашиот претседател, но кога ќе се разбуди од дремката, работата е завршена“, додаде тој. Наречете ме стар, но јас тоа го нарекувам искусен“, одговори претседателот.

Бајден резервирал шега и за Руперт Мардок, 92-годишниот медиумски магнат и сопственик на конзервативниот канал Фокс њуз.

„Можеби мислите дека не ми се допаѓа Руперт Мардок. Тоа не е точно. Како да не ми се допаѓа човек кој ме прави да личам на Хари Стајлс се пошегува американскиот претесeдател зборувајќи за 29-годишната британска поп ѕвезда.

Атрактивноста на вечерата на дописниците, одржана во големата сала на Вашингтон Хилтон, малку се намали во последниве години, поради бојкотот на Доналд Трамп и пандемијата.

Но, оваа година настанот беше распродаден, со 2.600 гости, меѓу кои и Бајден и потпретседателката Камала Харис. Присуството на двајцата шефови на извршната власт ја оживеа традицијата изгубена од претседателствувањето на Доналд Трамп.

 

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....