9.8 C
Скопје
15:14 - 31 март, 2026

Бајага проговори за разводот по 33 години брак: „Го презирам тоа кога им гледаат на луѓето во чинијата“

Момчило Бајагиќ – Бајага во интервју за „InMagazin“ проговори за разводот со сопругата Емилија по 33 години брак. Тој откри дека таа информација во јавноста се појавила после две години.

-Мислам дека тоа е непристојно, некој сака сите да знаат за неговиот приватен живот, а јас мислам дека приватниот живот сепак е приватна работа. Мора да постои нешто што не им е познато на сите“, вели Бајага.

-Ги презирам реалните шоуа и тоа прекумерно изложување и гледање што имаат луѓето во чинијата и што прават во бањата. Што сум јадел вчера е сосем небитно. Луѓето треба да се интересираат за мојата музика”, додаде музичарот.

Тој во интервјуто ја спомна и неговата внука од синот, која се роди на 27 декември минатата година, а гордите родители ѝ го дадоа името Сара.

„Има 10 месеци и навистина е големо задоволство кога ќе си ја видите втората, третата генерација. Едвај чекам да порасне, да почне да оди, да можам да ја носам во зоолошка градина, на прошетка.“, рече Бајага.

Инаку, Момчило Бајагиќ-Бајага и неговите Инструктори сѐ уште се активни на музичката сцена – минатиот викенд настапија во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....