7.8 C
Скопје
05:02 - 6 мај, 2024

Ана Николиќ ги откри темните страни на семејството: „Помешана ми е погрешна ДНК“

Пејачката Ана Николиќ изминативе денови се најде во центарот на вниманието на јавноста поради цела низа скандали, особено поради расправиите со менаџерот Саша Мирковиќ и шокантните тврдења за консумирање дрога и алкохол, но и поради нарушениот физички изглед и рани кои ѝ се појавиле на лицето.

Мислењата на нејзините фанови во оваа ситуација се поделени, едни ја обвинува за нејзиното однесување и што си дозволила многу испади, па дури и си го уништила лицето со одење кај непрофесионални луѓе, други ја жалат и ѝ даваат поддршка/ Пријателите пак, велат дека се обиделе да дојдат до неа, но дека таа не е достапна ниту за нив.

Но што навистина се случува со Ана и со какви се проблеми се соочува никој подобро од неа не знае. Имено, таа си има и проблеми со семејството. Додека Ана се соочува со низа проблеми, нејзината мајка ужива на годишен одмор, незаинтересирана за ситуацијата. Ана, пред неколку месеци гостуваше во емисијата „Магазин ин“ и по тој повод јавно проговори за тешки семејни теми. Прво откри зошто била принудена да го блокира телефонскиот број на баба ѝ, а потоа проговори и за нејзиниот дедо кој бил алкохоличар и чиј порок го чинел живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

– Јас сум единствената личност што ја блокирала баба си на телефон! Баба, одиш во блокирани на неколку дена. Ми се јавува и ми вели: „Кога ќе пееш? Сакам да умрам, кога ќе пееш ти нешто?! Жената ми ѕвони по 70 пати. Луѓето почнаа да мислат дека ми е некој дечко … Ѝ кажав дека телефонот не ми работи… Ми се јавува. Подоцна ја одблокирав. Замислете секој ден да ги слушам нејзините приказни. Баба ми се разведе пред 100 години кога никој не се разведуваше. Се развела бидејќи дедо ми бил алкохоличар. Почина од алкохол. Тој беше Вага во хороскоп, исто како и јас. Верувам во таа женска генетика. Се обидов да ја избегнам, сите ние нешто носиме. Се обидов, но секогаш се враќаш на тој некој стар модел. Ова е класичен ДНК. Помешана е погрешна ДНК. Што да правам – изјави тогаш пејачката.

 

Слични објави

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо
Се вчитува....