6.8 C
Скопје
08:25 - 30 март, 2026

Ана Дурловски за приватниот живот: Не си кукам над судбината

Оперската пејачка, сопранот Ана Дурловски за првпат прозборе за својот приватен живот, за трите деца и за сопругот, нејзиниот колега Игор Дурловски.

Првенката на Националната опера и балет, со сопругот гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, а гости беа и Сара Мејс и Димитар Атанасовски и зборуваа на тема деца и семејство. Ана раскажа како им било кога со сопругот живееле во странство и немале помош околу децата.

Фото / Инстаграм

-Јас сум тип којшто се програмира. Кога знам дека ми следува тежок период, се ставам во таа програма, затоа што знам дека не вреди да си кукам над судбината, колку сум ненаспана.

Тоа веќе однапред се знаеше дека ќе биде тешко. Кај нас беа практично трите деца некако наеднаш, бидејќи втората бременост ми беше со близнаци, две години откако Максим се роди. Така што некако како тројка беа сите.

Ненаспана константно, ама од друга страна, сакав да успеам во двете работи, на приватен и на професионален план. Тогаш и можам да кажам дека некои најголеми успеси што ми се случувале се од тој период.

Инаку, претежно бевме сами. Имавме помош од мајката на Игор или од мојата мајка, но тоа беа ретки моменти затоа што двете беа вработени. Практично бевме оставени сами на себе. Моравме да функционираме заедно, и од тој аспект, сакам да кажам дека навистина добро тој период се помина-  рече Ана Дурловски.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....