13:43 - 1 април, 2026

Александра Пријовиќ се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“, но ја елиминирале: Изгубив, луѓето не гласаа за мене

Српската пејачка Александра Пријовиќ (28), која распродаде пет концерти во загрепската Арена, кариерата ја започна во музичката емисија „Ѕвездите на Гранд“.

Пријовиќ учествувала во сезоната 2012/2013, а на аудицијата за првпат се пријавила една година порано. Таа тогаш имала само 15 години.

– Па, што се однесува до Александра Пријовиќ, тоа е навистина нешто неверојатно. Тоа што го направи, тоа ме потсетува на Лепа Брена и „Слатки грех“ и на 1983 година кога тоа исто така „пукна“ и кога направивме неверојатни концерти. Па, истото тоа се случи и со Александра – објаснил Саша Поповиќ.

– Таа првпат на аудиција дојде во 2011 година во Суботица. Со оглед на тоа дека имаше 15 години, јас тогаш ѝ одржав кастинг, тоа уште беше верзијата кога имаше вкупно 40-50 натпреварувачи и таа помина низ неколку емисии, мислам дека помина дури низ 4-5 емисии. Тогаш немаше жири да одлучува, само одвреме-навреме даваа по некој совет. Секоја сабота имаше различно жири. Во еден момент гласаа само гледачите и таа беше елиминирана. Таа тогаш толку многу се разочара – раскажал Саша.

Следната година тој лично ја поканил на аудиција.

– Следната година одржав кастинг за 18 девојки и ми требаа уште две. Тогаш одлучив да ги повикам девојките од минатата сезона, која ќе добие најмногу гласови, да пополниме за таа сезона. И секретарката ѝ се јави на Александра, таа беше во Бели Манастир, па ѝ рекла: „Нема да се натпреварувам, елиминирана бев, народот едноставно не гласаше за мене“. Не сакаше, па јас потоа ја зедов слушалката и ѝ реков: „Слушај, Александра, ова ти е последна шанса, дојди, па што и да се случи, поминеш – поминеш. И Александра и Андреана Чекиќ поминаа таа година во 2012/2013 година, беше фантастична – се присетил Саша за српски „Курир“.

 

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....