4.8 C
Скопје
04:46 - 28 март, 2026

Александра Пријовиќ се најде на ударни вести во Хрватска: „Која е таа?!“

Српската пејачка и снашка на Лепа Брена, Александра Пријовиќ се најде во прилог на вечерни вести на една хрватска телевизија.

Пејачката Александра Пријовиќ, која за рекордно време распродаде три белградски арени, а потоа и три арени во Загреб, додека во тек е продажбата на билети за четврти концерт закажан во Загреб на барање на публиката, се најде во главните вести на на една хрватска телевизија.

Во прилогот за Прија, хрватската водителка коментираше дека „додека Тејлор Свифт може да се пофали со 7 номинации за наградите на МТВ, младата српска пејачка Александра Пријовиќ може да се пофали со три распродадени арени и четврта на пат. Таа ја надмина и свекрвата Лепа Брена, која одржа два концерта во Арена. Критичарите велат дека таа одлично си ја врши работата“.

Потоа се емитуваше и прилог од улиците на Загреб во кој водителката на улица пушта песна од Александра Пријовиќ, а интервјуираните коментираат. Една госпоѓа рече дека тоа е „Александра Пријовиќ и дека знае за неа поради нејзините концерти, но дека сите се прашуваат која е таа“, додека друга девојка која била интервјуирана рече:

“Александра Пријовиќ. Одам на концерт, успеав да резервирам карти за втората вечер”.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....