22:28 - 11 јули, 2026

Александра Пријовиќ е горда што е Ромка, а дедо ѝ го бркал татко ѝ со пиштол: „Тој е светски лопов, затоа Борка го остави…“

Колку повеќе се нижат успесите на Александра Пријовиќ, толку повеќе регионалните медиуми се заинтересирани за нејзиното минато.

Сега, испливаа информации за нејзиниот живот од пред неколку години, кога своето време со радост го поминувала со нејзиниот дедо, Боро, во чија куќа (со мајка си) во Хрватска живееле. Дедото на Александра починал пред четири години, а своевремено Боро ја раскажал својата приказна на српски „Свет“ и тоа дека „се обидел да го убие таткото на Александра, Недељко“, зашто Недељко, наводно, сакал да го ограби.

„Јас неа ја подигнав. Татко ѝ ништо никогаш не ѝ купи. Нејзината мајка Борка се разведе од него зашто е светски лопов. Краде и ограбува се. Еднаш пукав на него зашто ми крадеше пари од дома. Со пиштол го избркав од дома, на капијата. И сега ги остави без ништо. По татко сум Ром, а по мајка Србин….“, раскажувал дедо Боро неколку години пред смртта, а Александра тогаш објаснувала дека нејзиниот дедо не знае што зборува зашто е дементен.

„Дедо ми зборува неповрзани работи, денес кажува нешто, а утре не знае што кажал. Човекот има над 70 години. Иако му ја отсекоа ногата, тој и понатаму пие, имаше мозочен удар. Дедо е Ром, баба ми не е. Филип и Брена тоа го знаат и не им пречи. Горда сум на своето потекло. Дедо ми “лупета“ дека и убил некого. Татко ми го повреди тоа што кажа дека ме оставил кога сум била бебе. А вистина е дека се разведоа кога имав три години. Но јас редовно се гледам со татко ми. Единствено што е точно е дека не завршив средно училиште, ама планирам да завршам вонредно“ – признала пејачката своевремено.

Кога дедо ѝ починал, Прија признала дека емотивно била многу поврзана со него.

Јасна Злокиќ за Александра Пријовиќ: „Не знаев дека некоја тукутака може да наполни пет арени“

 

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....