-4.2 C
Скопје
05:14 - 19 февруари, 2026

Актерката Ана Обрегон, мајка на 68 години, објаснува: „Детето е родено од семето на мојот мртов син“

„Девојчето ми е всушност внука, но јас сум легално мајката“.

Нови откритија на шпанската актерка и телевизиска водителка Ана Обрегон за бебето родено од бременост на сурогат мајка, на Флорида, случај што предизвика интензивна јавна дебата во Шпанија, каде што оваа практика е забранета.

68-годишната уметница објасни дека девојчето, родено на 20 март, е нејзината биолошка „внука“, бидејќи е зачнато од замрзнатата сперма на нејзиниот син Алес Лекио, кој почина во 2020 година од рак.

„Законски таа е моја ќерка и така е наведено на нејзиниот пасош. Ќе ја пријавам во шпанскиот конзулат и така ќе можам да ја однесам дома“, изјави таа во интервју за магазинот Хола, истиот кој ја објави веста за раѓањето на детето како ексклузивна на насловната страница, на која е означена Обрегон како негова „мајка“.

На Инстаграм профилот на актерката повторно е објавена фотографија придружена со пораката:

„Светлина полна со љубов дојде во мојата темнина“.

Актерката сега вели дека тоа било „последна волја“ на Алес да има свое дете. „Донесов одлука да го започнам процесот на сурогат мајчинство, кој како што знаете вклучува донатор на јајце клетка и бремена жена, истиот ден кога тој се искачи на небото“, рече таа.

Обрегон потоа увери дека целата процедура која се следи за да се дојде до раѓањето на детето е „легална“ и дека таа не планира во иднина да го крие идентитетот на нејзиниот биолошки татко од никого, се разбира не и од ќерка си.  „Ќе ѝ речам: „Татко ти е во рајот и сакаше да дојдеш, а мајка ти е донатор, тоа е тоа. Што е проблемот?“, рече Ана.

Актерката објасни за Хола дека „целиот процес“ на раѓањето на детето ќе биде раскажан во книга.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....