6.8 C
Скопје
08:46 - 1 април, 2026

Метју Меконахи и Вуди Харелсон истражуваат дали навистина се браќа: „Не можам да дојдам до ДНК анализа за да потврдам“

Фотографијата на Метју Меконахи и Вуди Харелсон додаде масло на неодамнешните тврдења на актерот Меконахи дека двајцата колеги навистина можеби се браќа.

Оскаровецот претходно ги откри сомнежите дека неговата мајка Мери имала љубовна врска со таткото на Вуди, Чарлс, откако даде мистериозна забелешка дека го познава починатиот осуденик.

И снимката која се појави на социјалните мрежи од долгогодишните пријатели Метју и Вуди, снимена во 2019 година, ја покажува сличноста на ѕвездите кои беа актерски пар во хумористичната серија на Apple TV+ „Брат од друга мајка“.

Говорејќи во подкастот „Ајде да разговараме надвор од камерата со Кели Рипа“, Метју рече:

„Во Грција пред неколку години седевме и разговаравме за тоа колку сме блиски и со нашите семејства. А мајка ми рече: „Вуди, го познавав татко ти“. Продолживме да се распрашуваме што значи ова „го познава“ и направивме малку математика и откривме дека таткото на Вуди бил на одмор во исто време кога мајка ми и татко ми минувале низ процес на развод“, вели тој.

твитер

Тој призна дека забелешката на неговата мајка за таткото на Вуди, кој почина во затвор во 2007 година, го поттикнала да ја истражува семејната историја, но никако не можел да дојде до материјал за да направи ДНК тест.

„Знаете, онаму каде јас почнувам и тој завршува, и обратно, отсекогаш било како претопена линија. И тоа е дел од нашето бартство, нели? Моите деца го викаат чичко Вуди. Неговите деца ме викаат чичко Метју. Гледајќи ги неговите фотографии моето семејство мисли дека на многу од неговите слики сум всушност јас. Неговото семејство пак, мисли дека многу од моите фотографии се всушност негови“, изјави Метју.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....