7.8 C
Скопје
23:24 - 31 март, 2026

Адел прави листа на имиња за идното бебе: „Подготвена сум пак да станам мајка“

Британската пејачка Адел изјави дека е подготвена наскоро да стане мајка, пренесува Daily Mail.

За време на една од нејзините последни настапи во Лас Вегас, Адел разговараше со бремена обожавателка. Девојката побарала совет од пејачката за избор на име за идната ќерка. Како одговор, ѕвездата признала дека и самата е „подготвена наскоро повторно да стане мајка“, истакнувајќи дека веќе има список со имиња за нејзиното идно дете.

„Навистина сакам наскоро да станам мајка. Јас всушност правам списоци со имиња. Секогаш кога ќе видам име што ми се допаѓа, го запишувам во телефонот“, споделила пејачката.

Во 2011 година, Адел се омажи за бизнисменот Сајмон Конек, со кој го доби синот Анџело. Сепак, во 2019 година, парот одлучи да се раздели. Сега 35-годишната пејачка е во врска со 41-годишниот спортски агент Рич Пол.

Во август 2022 година, Адел даде интервју за американското издание на списанието „Ел“, во кое зборуваше за нејзината врска со нејзиниот нов партнер.

„Никогаш не сум била толку многу заљубена. Јас сум опседната со него. Дефинитивно сакам уште деца“, изјави пејачката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....