7.8 C
Скопје
05:47 - 28 септември, 2026

Адел го прекина концертот со емотивна порака за Метју Пери: Го сакам она што тој го направи за нас

Адел му оддаде почит на починатиот Метју Пери за време на нејзиниот концерт во Лас Вегас, откако глумецот почина во саботата.

Иако сè уште не е јасно која е причината за смртта на Метју Пери, тој секогаш беше отворен за неговите борби со зависноста од алкохол и наркотици, а особено за тоа отворено зборуваше во неговите мемоари.

Познатата пејачка, која неодамна го откри своето патешествие до трезвеноста, го прекина концертот за да се потсети на ѕвездата на „Пријатели“.

„Секогаш е толку шокантно, особено кога станува збор за некој што те насмеал и кој донел толку многу радост во твојот живот, а не го познаваш“, рече Адел.

„Ова е она што ми е толку чудно, никогаш во животот не го сретнав“.

„Се чувствувам толку тажно поради тоа, особено затоа што не мора да знаете што се случува“.

„Ќе го паметам тој лик до крајот на мојот живот. Тој е веројатно најдобриот комичар на сите времиња“., им рече Адел на своите фанови кои беа присутни на концертот и додаде:

„[Пери] беше толку отворен за неговите борби со зависноста и трезвеноста, што мислам дека е неверојатно, неверојатно храбро“.

„Сакам само да кажам колку го сакам тоа што го направи за нас“.

Смртта на Пери поттикна бројни објави со почит постирани на социјалните мрежи од многубројни учесници во забавната индустрија и јавни личности, а Saturday Night Live посвети дел од емисијата во чест на Метју Пери.

Во меѓувреме, сочувство изразија и актерите од „Пријатели“ и канадскиот премиер Џастин Трудо.

 

 

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....