19.8 C
Скопје
16:08 - 1 ноември, 2024

Адам Левин, пејачот на „Марун 5“ вмешан во секс афера: „Една година ја изневеруваше сопругата со мене, сака на детето да му го даде моето име“

Пејачот на Maroon 5, Адам Левин деновиве сигурно не спие мирно. Ѕвездата на Инстаграм, Самнер Строх, реши да ја искористи својата слава на тикток и објави видео во кое јавно признава дека имала афера со него која траела речиси една година.

За да ја поткрепи приказната таа објави серија скриншотови од пораките кои тој и ги праќал преку Инстаграм, изјавувајќи дека по аферата престанале да разговараат, но тој и пратил порака и ја прашал дали може на своето дете да и го даде нејзиното име.

Самнер, која има повеќе од 350 следбеници на Инстаграм, решила да сними видео за Тикток и да признае се затоа што им се доверила на некои пријатели за аферата, а еден од нив одлучил да ја пренесе нејзината доверлива приказна во таблоидите. Во видеото таа открива дека со Левин се гледала една година, но не го кажува точниот временски период. Левин е во брак со моделот на Викторија Сикрет, Бехати Принсло.

„Имав афера со маж кој е во брак со модел на Викторија Сикрет. Во тоа време бев млада, наивна и, искрено, се чувствував искористено“, признала таа во видеото.

Левин и Принсло се во брак од 2014 година, имаат две ќерки на четири и пет години, а месецов објавија дека го очекуваат нивното трето дете.

Строх сподели скриншот од нејзиниот мобилен телефон на кој се прикажани пораки на Инстаграм кои Левин наводно и ги праќал „откако престанала да разговара со него неколку месеци“. „Ок, сериозно прашање. Ќе имам уште едно дете и ако е момче навистина сакам да му го дадам името Самнер. Дали се согласуваш со тоа? СМРТНО сум сериозен“, гласела една од пораките.

Таа покажа и низа заводливи пораки кои ги добила од профил кој се чини дека е на Левин, а за учеството во аферата се брани тврдејќи дека „нејзиниот морал бил несвесно загрозен“ и дека била „целосно изманипулирана“.

„Срам ми е што бев вмешана во ова со човек со целосен недостаток на каење и почит“, признава таа.

Портпаролот на Левин допрва треба да го коментира скандалот, а видеото на Строх е прегледано 7,5 милиони пати за само 10 часа откако таа го објави. Подоцна објави уште едно во кое им одговара на критичарите и порачува дека не се обидува да глуми жртва.

„Во никој случај не се обидував да добијам симпатии. Целосно разбирам дека јас не сум жртвата тука. Не сум таа што навистина е повредена. Тоа се Бехати и нејзините деца и за тоа многу ми е жал“, признава Строх.

Таа, исто така, дополнително појасни што сака да каже со изјавата дека била манипулирана.

„Го премолчив најважниот дел, а тоа беше фактот дека имав впечаток дека нивниот брак е завршен. Верував дека го премолчуваат тоа за да избегнат негативен медиумски публицитет бидејќи, како што кажав, бев нова во Лос Анџелес, па претпоставував дека е така со познатите од негов калибар. Затоа се чувствувам искористено, бидејќи знаеше дека верувам во се што ми кажува поради мојата ранлива положба и фактот дека сум нова во градот. Исто така, ми испрати порака од неговиот профил на Инстаграм. Немав причина дополнително да го преиспитувам тоа, но сега сфаќам дека веројатно тоа била негова тактика за манипулација“, открива Строх.

@sumnerstroh

embarrassed I was involved w a man with this utter lack of remorse and respect. #greenscreen

♬ original sound – Sumner Stroh

Слични објави

Денес ќе полнеше 72 години: „Рибља чорба“ со емотивна објава на роденденот на легендарниот Бора Чорба

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се огласи од Америка: Спиев во креветот на Тесла, сонував и ја разбрав пораката

Еспресо

Сека Алексиќ се отвори: „Решивме мојот сопруг да ги воспитува децата бидејќи не знам како да го правам тоа“

Еспресо

Петар Грашо и Хана Хуљиќ го добија второто дете, синот доби интересно име

Еспресо

(Видео) Николина Пишек повеќе не е бринета: Хрватската водителка драстично ја промени фризурата

Еспресо

Миле Китиќ ја откри вистината за тврдењата дека добивал пари за сексуални услуги

Еспресо
Се вчитува....