7.8 C
Скопје
23:06 - 29 март, 2026

Аца Лукас им одговори на „хејтерите“: Цела Србија шмрка кокаин, а само јас сум наркоман!

Јавноста со години се шегува на сметка на фолкерот Аце Лукас и го обвинува за користење недозволени супстанци, а за тоа сега проговори и самиот пејач.

Лукас во емисијата „Сценарио“ заедно со водителката ги анализираше текстовите на неговите песни, а во еден момент се осврнаа и на неговиот стих „Бело, сѐ околу мене бело“.

Фолкерот вели дека народот погрешно го протолкувал тој текст од неговата песна, а потоа отворено зборувалше за кокаинот.

– Луѓето то погрешно го толкуваат. Тие ја протолкуваа песната дека има врска со дрога, со кокаин. Цела Србија шмрка кокаин, а само Аца Лукас е наркоман – изјави пејачот и додаде:

„Кога некој сака да ме навреди, вели дека сум наркоман, и дека не си ја мијам косата. Тоа е малку смешно зашто имам пари барем за шампон. Тоа го зборуваат луѓето кои никогаш во животот не ме виделе, така пишуваат оние кои ги коментираат вестите – реече Лукас.

Потоа тој ги окарактеризира луѓето кои постојано го прозиваат.

– Тоа се недоискажани будали. Знаете како го гледам тој профил на луѓе, тоа е ужасна омраза, тоа е некој 45-годишен маж кој се запуштил, носи валкана маица со флеки од ручек, живее со 90-годишна мајка. Тоа се неуспешни луѓе, немаат девојка, немаат секс, најчесто мастурбираат, е тоа се тие коментатори. Дали мојата коса е валкана или не, нека ги прашаат нивните сопруги дали мислат така – рече Лукас.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....