11.8 C
Скопје
16:18 - 30 март, 2026

Сања Вучиќ „удри“ по естрадата: Како ќе реагираат колегите?

По низа јавни судири на естрадата, Сања Вучиќ реши да се огласи и јасно да го изнесе својот став за пријателствата во овој свет, како и за границите што ги поставува во приватните односи.

Последниве месеци публиката беше сведок на бројни прекини на естрадни пријателства, по кои во јавноста излегуваа и долго прикривани нетрпеливости, како и меѓусебни обвинувања. Затоа на пејачката ѝ беше поставено прашањето дали стравува дека и некое нејзино пријателство може бурно да заврши, со изнесување приватни детали во медиумите.

Вучиќ одговори смирено, нагласувајќи дека кругот на луѓе на кои им верува никогаш не го проширувала без јасна проценка.

– Не влегувам лесно во пријателствата. Немам нешто премногу дружење со естрадата. Има пар луѓе со кои сум многу блиска. Внимателно бирам кој е околу мене и навистина се сомневам дека нешто такво би можело да се случи – рече Сања, порачувајќи дека не стравува од можни скандали, бидејќи не остава простор тие да настанат.

Говорејќи за годината што изминува, пејачката истакна дека ѝ донела многу значајни моменти — и професионално и приватно.

– Полнa откровенија, полнa со многу убави работи. Сакам на убавите работи да се потсетувам. Очекувам нови проекти и нови успеси – рече пејачката, додавајќи дека во 2026 година влегува со јасни цели, позитивни очекувања и желба сè што постигнала да го унапреди уште повеќе.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....