5.8 C
Скопје
03:21 - 1 април, 2026

ПОРНОЅВЕЗДАТА МИА КАЛИФА ПРЕДИЗВИКА БУРА НА ТВИТЕР: Во одбрана на Украинците, вака се прави молотов коктел!

Порно ѕвездата Миа Калифа, со потекло од Либан а со постојана адреса на живеење во САД, ги шокираше своите 4 милиони обожаватели на Твитер споделувајќи упатство за правење на молотов коктел.

До оваа идеја дошла откако украинското Министерство за одбрана ги повикало граѓаните да се вооружат со рачно изработени „запаливи бомби“ за да ја одбранат својата земја, да не ги напуштаат домовите и да останат смирени.

Некои обожаватели на порноѕвездата реагираа позитивно на нејзиниот „рецепт“ за молотов коктел, други ја критикуваа, а повеќето нејзини украински фанови на социјалните мрежи ѝ се заблагодарија што ја покажала нејзината солидарност.

„Во Украина ги нарекуваме храбрите жени како тебе „Икоха“ (икона)!“ напиша еден од нејзините следбеници од Украина, друг пак, напиша: „Ти благодариме на твојот придонес во нашата герилска војна: секогаш си во нашите соништа … те сакаме!“.

@miakhalifa/Twitter

Твитот предизвика лавина реакции. Некои ја нападнаа поранешната порно ѕвезда нарекувајќи го твитот несоодветен, плашејќи се дека упатствата за молотов коктел може да завршат во погрешни раце.

„Тоа е корисно за Украинците, но те молам избриши ја сликата со упатство“, „некои корисници на Твитер не треба да знаат како да направат бомба“, „ги разбирам причините зад овој пост, но те молам избриши го, не мора секој да знае како се прави молотов коктел“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....