7.8 C
Скопје
09:25 - 10 март, 2026

21 година затвор за човекот кој го застрела шетачот на кучиња на Лејди Гага

Џејмс Хауард Џексон, кој минатата година пукаше и го рани шетачот на кучињата на Лејди Гага додека ги крадеше нејзините француски булдози, ја прифати спогодбата за признавање вина и е осуден на 21 година затвор.

Според Канцеларијата на окружниот обвинител во Лос Анџелес, Џексон се изјаснил дека не ја оспорува едната точка од обвинението за обид за убиство и дека ги признал наводите за нанесување тешка телесна повреда.

Тој беше обвинет за обид за убиство, заговор за извршување грабеж и напад со полуавтоматско оружје.

Во соопштението од Канцеларијата на окружниот обвинител се наведува:

„Спогодбата за признавање вина утврдува одговорност на господин Џексон за извршување ладнокрвен насилен чин и обезбедува правда за нашата жртва“.

Џексон беше еден од петте луѓе кои учествуваа во насилниот грабеж на домашните миленичиња на Гага, но властите велат дека бандата конкретно не ја таргетирала поп-ѕвездата бидејќи не знаеле дека кучињата се нејзини.

Слични објави

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо
Се вчитува....