20.8 C
Скопје
16:04 - 21 октомври, 2026

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

Актерот Александар Михајловски, познат на социјалните мрежи како „Син на мајка“, раскажа лична приказна од детството, откривајќи дека една од неговите неостварени желби била да замине на одмор заедно со двајцата родители. Синот на познатиот актер Тони Михајловски искрено зборуваше за разводот на родителите, односот со татко му и предизвиците што ги носи презимето на неговото семејство.

Гостувајќи во поткастот „Полиграф“ кај Стефанатор, Александар призна дека како дете посакувал да има заеднички спомени од семејните одмори.
„Никогаш не сум ја имал таа слика во глава и можеби само ми фали како слика, да можам да се потсетам некогаш на такво нешто. Ама за тоа повеќе мечтаев кога бев мал, сега сум океј со тоа“, рече Михајловски.
На прашањето дали тоа што е син на Тони Михајловски за него претставува повеќе товар отколку предност, актерот одговори потврдно.
„Би можело да се каже дека во одредени ситуации е повеќе товар. Најчесто знае да биде повеќе товар. Тоа е само поради тоа што во општеството во кое живееме е така како што е“, кажа Александар.

Тој откри и дека никогаш не добил улога за која со сигурност знае дека му била доделена поради неговиот татко. Напротив, смета дека познатото презиме можеби му затворило и некои врати.
„Не, не колку што јас знам. Никој не дошол досега да ми каже: ‘Оваа улога ти е доделена само затоа што си син на Тони Михајловски’. Можеби некогаш некој имал повеќе симпатии кон татко ми, па одлучил да ми даде шанса, меѓутоа не знам за ниедна улога досега да сум ја добил затоа што сум син на Тони Михајловски. Повеќе би рекол дека може и ми се одземени“, рече актерот.
Михајловски зборуваше и за односот со татко му, демантирајќи дека во последниот период се оддалечиле.
„Можеби послабо комуницираме поради обврските што ги имаме, меѓутоа многу често се гледаме бидејќи водиме школа заедно. Комуницираме и се гледаме. Тоа можеби било некогаш во минатото, меѓутоа тој секогаш ми бил мојот најдобар другар“, откри Александар.
На прашањето дали по разводот на родителите имал проблем да ја прифати новата сопруга на татко му, Александра, актерот одговори дека тоа никогаш не било случај.
„Никогаш не сум имал нешто такво кон новата жена на татко ми, кон Александра. Повеќе би рекол, никогаш не би можел да ги прифатам дечковците на мајка ми“, рече тој низ смеа.
Александар откри и како настанал неговиот препознатлив прекар „Син на мајка“, под кој е познат на Инстаграм.
„Многу малку луѓе знаат дека на почетокот имав прекар ‘Син на еден познат актер’. Па сфатив дека сите сме мамини мази, сите синови се ‘син на мајка’, така што некако природно ми дојде ‘Син на мајка’. И претходно имав уште еден прекар, тоа беше ‘The Beard the Dragon from Железара’“, раскажа Михајловски низ смеа.
Александар Михајловски, покрај актерството, е активен и на социјалните мрежи, каде што со своите објави и хумор изгради препознатлив имиџ. Иако потекнува од актерско семејство, тој настојува да го гради сопствениот професионален пат, а со татко му Тони денес соработува и во заедничка школа.

Слични објави

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.
Се вчитува....