18:40 - 9 ноември, 2026

„Златна рамка 22“ ги обедини филмските професионалци и публиката

Осум македонски филмови од минатата година, првиот Интернационален Филмски Форум и социјалната програма „Фокус“ го одбележаа 4. издание на „Златна рамка“.

Во изминатите четири дена (9 до 12 јуни) се одржа четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од година во година се зголемува посетеноста на фестивалот, а годинава публиката можеше бесплатно да погледне осум македонски филмови од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и четири краткометражни филмови.

Одбележувајќи го четвртотото издание на „Златна рамка“, ДФРМ ги додели и традиционалните почесни награди „Златна рамка“. Добитник на наградата филмски автор годинава е Кирил Спасески, признанието филмски работник му припадна на Бранко Петровски, додека наградата филмски актер ја доби Сашко Коцев. Оваа година, за првпат беше биде доделена и почесна награда на странски автор, која му припадна на познатиот филмскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ.

Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, беше одржан и првиот Интернационален Филмски Форум на кој присуствуваа девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот . На Форумот беше продлабочена соработката со регионалните продукции и беа разменети искуства во насока на поголема поддршка на македонската кинематографија. На Форумот стана збор и за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.

Значаен новитет на „Златна рамка 22“ е и отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не можеше да го посети киното „Фросина“. Годинава, проекции беа прикажани за штитениците во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје на 11 јуни, како и во Градската општа болница „8-ми септември“ и во затворот во Шуто Оризари. Овие дисперзирани проекции како дел од „Златна рамка 22“, а поместени во програмата „Фокус“, во иднина ќе бидат надградени со инвентивни работилници и проекции чија крајната цел е инклузивноста на маргинализираните групи на граѓани во тековите на културниот живот.

Слични објави

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.
Се вчитува....