3.8 C
Скопје
10:20 - 23 февруари, 2025

Животот на Јелена Карлеуша стана хаос поради Канје! „НЕМАМ ЈАС НИШТО ОД НЕГО, ОСВЕН ХАОС“

Новa бура во животот на Јелена Карлеуша! Нејзиниот нов следбеник на Инстаграм, Канје Вест – како што вели – ѝ направил хаос!

Веста дека Јелена Карлеуша почнал да ја следи на Инстаграм Канје Вест шокираше многумина, бидејќи тој е светски познат музичар кој неодамна се разведе од познатата Ким Кардашијан. Познато е дека Јелена веќе извесно време ја имитира Кардашијан со нејзините припиени модни избори, но се појави и вест дека пак, самата Ким изјавила дека ѝ се допаѓаат комбинациите на Јелена.

Најновата имитација е со – лентата! Имено, кога веќе се мислеше дека Ким веќе ги исцрпи сите варијации на креациите на модната марка Баленсијага, таа сепак, покажа нова креативност. На ревијата на Баленсијага се појави облепена со жолта лента на која беше испечатено логото на брендот.

Карлеуша отиде чекор подалеку, па иста изолир лента си залепи на голото тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Кога поранешниот сопруг на Кардашијан, Канје Вест, ја заследи Јелена на Инстаграм, сите заклучија дека таа конечно успеа да го привлече неговото внимание со своите впечатливи фотографии. Особено што дури објави фотка на која е целосно гола, „облечена“ само во патиките од модната марка на Вест.

Меѓутоа, таа сега тврди дека Каnjе направил хаос во нејзиниот живот.

„Немам јас ништо од тоа што тој ме заследил“, изјавила Карлеуша за Курир ТВ, „само хаос во медиумите и на социјалните мрежи“. Според нејзините зборови, тој не ѝ пишал и не знае зошто воопшто ја заследел.

„Немаме контакт. Не знам зошто ме заследел, ништо нема да се случи надвор од тоа. Затоа, заборавете на него“, вели Карлеуша. Таа тврди дека не ни знаела дека Канје Вест е толку популарен во Србија, но додава дека го свртела вниманието од војната во Украина и дека поради фазон се сликала во неговите патики.

А што е со сопругот на Јелена, Душко Тошиќ?, многумина се прашуваат, но спортистот и понатаму молчи. Српските медиуми пренесоа дека дури и неговиот роденден во јануари поминал без трага и глас од Јелена.

(ФОТО) КИМ КАРДАШИЈАН ВО ДИВ МОДЕН ИЗГЛЕД: На ревијата на Баленсијага се појави облечена со жолти ленти

 

 

Слични објави

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо
Се вчитува....