4.8 C
Скопје
03:12 - 29 март, 2026

Застрелан раперот Брис, починал на лице место

Раперот Брис, со вистинско име Кристофер Тредвел, е убиен со истрели од огнено оружје, пренесува „Метро“. Неговата смрт ја потврдија од полицијата во Сакраменто, каде што дошло до трагичниот настан.

„Маж се здоби со по живот опасна рана и почина на местото на настанот. Пред пукањето дошло до судир меѓу два автомобили, за кои се верува дека се поврзани со случајот“ изјавиле тие.

Брис неодамна објави спот за својата нова песна „Hammy“, а беше познат и по песните „Panhandling“, „Sparked a Fuse“ и „Lightning McQueen“.

Од раперот на социјалните мрежи почнаа да се простуваат колегите и пријателите.

„Имаше блескава иднина пред себе. Доста ми е веќе од тоа млади рапери да умираат“, напиша Клипинг.

Други пак напишаа дека тој бил еден од најталентираните рапери во Сакраменто.

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....