5.8 C
Скопје
11:40 - 22 декември, 2024

ЗАНИМЛИВОСТИ за ЕЛТОН ЏОН во чест на роденденот: Да не беа очилата, облеката, потпетиците…Тоа не би бил јас!“

Роден на 25 март 1947 година во знакот на Овен, Елтон Џон е жива легенда на меѓународната музика. Денес го слави својот 75. роденден. Познат како Рокетмен, со своите успеси напиша дел од музичката историја и постигна светска слава.

Во чест на неговиот роденден ви носиме куриозитети од неговиот живот.

ИСТОРИСКИ ПРИЈАТЕЛИ

Елтон Џон имаше многу длабоко пријателство со Џани Версаче и Лејди Дијана. На дизајнерот му го посвети албумот „The Big Picture“, додека неговата верзија на „Candle in the Wind“ испеана во живо на погребот на принцезата Дијана влезе во историјата. Песната во својата нова верзија го држи рекордот за најпродаван сингл во историјата, со над 40 милиони копии. Приходите беа донирани на фондацијата посветена на принцезата Дијана.

КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ

Големиот придонес на Елтон Џон за англо-саксонската и меѓународната музика беше запечатен со неговото влегување во Рокенрол Куќата на славните во 1994 година.

СТРАСТ КОН ФУДБАЛОТ 

Не само музиката меѓу страстите на Елтон Џон е фудбалот. Кантавторот од 1977 до 1987 година и од 1997 до 2001 година беше сопственик на англискиот тим од Ватфорд чиј е голем фан. Од 2008 година беше назначен за почесен претседател на клубот. Истата година тој постигна неверојатен  рекорд што ја карактеризира неговата музичка кариера „во живо“ – успеа да настапи во сите 50 држави на САД.

ЉУБОВ КОН ОБЛЕКАТА И ФУСТАНИТЕ

Еден од белезите на кариерата на Елтон Џон е неговата облека, особено онаа на сцената, уште од раните години, но и чевлите со високи потпетици. За да му оддаде почит на Бади Холи, еден од неговите идоли, тој реши да настапи со наочари: „На почетокот критичарите беа многу импресионирани од мојата музика, но кога почнав да ги носам костимите сите рекоа дека нема потреба. И дека ќе беше подобро да се качев на сцената во фармерки и маичка. Но, тоа не би бил јас“, рече своевремено Елтон Џон.

Во текот на неговата кариера тој се облекуваше како Моцарт, Статуата на слободата, Пајо Паторот и Ајфеловата кула. Неговата страст за облека е толку сеопфатна што во 1991 година се појави на аеродромот Хитроу со 42 куфери полни со облека и модни додатоци, сите поделени по боја.

ОБИД ЗА САМОУБИСТВО

Како млад се обидел да се самоубие вдишувајќи гас од вклучена рерна.

ВИТЕЗ

Во 1998 година ја доби титулата Витез од страна на кралицата Елизабета Втора.

КУМ

Тој е кум на децата на Дејвид и Викторија Бекам, а исто така и на Шон Ленон, синот на Џон Ленон и Јоко Оно.

ДЕЦА

Што се однесува до неговиот приватен живот, Елтон Џон е во врска со канадскиот режисер Дејвид Фурниш од раните 1990-ти. Двајцата се венчаа на граѓанска церемонија во 2005 година, а подоцна со церемонија во 2014 година.

Тие имаат две деца родени од сурогат мајка: Захари и Илија. „Тие се одраз на спокојството што ми доаѓа од семејството што го изградив со мојот сопруг Дејвид Фурниш, кого го сакам и ме прави среќен како никогаш досега“, изјави пејачот.

РУСИЈА

Во 1979 година, Елтон беше првата западна рок ѕвезда која настапи во СССР. За многу Руси, тоа беше прв пат да видат богат Западњак. Верувајќи дека сите на Западот се облечени како Елтон, се роди блескавата руска луксузна индустрија.

СВЕЧЕНО СЕЌАВАЊЕ

Елтон бил многу близок со рок пејачот Фреди Меркјури. Кога Фреди почина од СИДА во раните 1990-ти, една од последните работи што ги направи беше да му купи подарок на Елтон Џон: слика од еден од омилените сликари на Елтон. Сер Елтон го опиша своето пријателство со Фреди во трогателно и длабоко лично писмо.

32 ГОДИНИ БЕЗ КАПКА АЛКОХОЛ

Елтон Џон годинава прославува и 32 години без капка алкохол и дрога и тоа го направи, а за тоа говори значката од Друштвото за спас на алкохоличари со која се потврдува неговата апстиненција. Пејачот повеќе пати отворено зборуваше за своите проблеми со зависноста во минатото, а тие станаа познати на јавноста и со неговиот биографски филм „Рокетмен“.

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....