01:49 - 2 април, 2026

„Забранетата љубов“ ги руши сите бариери на Балканот! (ФОТО)

Љубовта помеѓу српската манекенка Алиса Миленковиќ и Берат Џимишити, албански фудбалер кој игра за Аталанта, добива нова епизода. Плодот на нивата љубов ќе биде крунисана со дете, бидејќи атрактивната Србинка е бремена.

Парот оваа вест ја потврди веќе на социјалните мрежи.

Сезоната е завршена за Џимишити, по испаѓањето од ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па поради тоа можеше да се опушти покрај својата девојка, со која моментално се на одмор.

Фото: Инстаграм

Тие моментално крстарат на хрватското приморје и уживаат во преубавите плажи кои ги посетуваат со јахтата.

Српската манекенка и модна креаторка, Алиса гордо објави неколку фотографии на кои се гледа дека е во поодмината бременост.

Фото: Инстаграм

Информацијата за врската помеѓу српската манекенка и албанскиот фудбалер во јавноста се појави во 2015 година, пред гостувањето на Србија во Албанија, кога тогаш албанските медиуми гордо најавуваа дека оваа секс-бомба ќе биде единствената Србинка која ќе навива за „Црните орли“.

Алиса и Берат се запознале во Цирих, каде таа живеела, а фудбалерот со потекло од Косово, во тоа време играл за истоимениот клуб.

Тие ја преброделе кризата во 2016 година, кога според написите на медиумите, Алиса го оставила фудбалерот, кој после тоа пател и плачел за неа. Сепак, оваа „забранета љубов“ доби сосема поинаков тек.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....