13:57 - 1 февруари, 2026

За симболот „Голема Албанија“, Кајмакоски напиша: „Ова е вистината, ве молам објавете ја“

Огромна прашина се крена откако во српските медиуми се појави фотографија на која наводно нашиот Даниел Кајмакоски со раце го покажал симболот на Голема Албанија.

Станува збор за емисијата „Твоето лице звучи познато“, во кој учесниците добиваат најразлични задачи за да глумат некој познат лик.

Фото: Дамир Дервишагиќ, Соња Спасиќ

Од тогаш, па до сега бројни навреди и обвинувања се упатија на сметката на Даниел, кој повеќе од очигледно е дека на фотографот кој ја направил фотката сакал само да му ги покаже лакираните нокти.

Кајмакоски молчеше неколку дена, но испрати соопштение до медиумите преку неговиот профил на Фејсбук и кое ви го пренесуваме во целост:

– До сите медиуми:

Ова е единствена моја изјава во врска со случајот, досега не сум дал ниту една изјава за кој било медиум.
Доколку сакате да ја пренесете вистината, ве молам објавете ја.

Почитувани,

Морам да реагирам на сериозно обвинување кое е тотално невистинито и бесмислено. Се соочувам со бројни навреди и сакам да ја споделам вистината со вас.

Пред втората емисија на ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“ во Белград, кога во шминкерницата се подготвував за женска улога, фотограф ме сликаше како ги покажувам налакираните нокти во огледало.
Вчера во српски весник е објавена фотографија за која велат дека сум „ги прекрстил рацете во положба на албански двоглав орел“ и оттогаш се објавени само навредливи наслови и бројни обвинувања.

Во оваа професија навикнав дека слики, изјави и ситуации може да се извадат од контекст, и не сум ни прв, ни последен чија репутација е нападната на толку грозен начин, но ова е бескрајно безобразно и претерано извртување на вистината. Безобразно е не само кон мене, туку и кон сите оние кои ќе се почувствуваат испровоцирани и навредени од оваа ситуација.
Добро знам што значи тој знак и токму поради тоа никогаш не би го направил и навредил било кого.
Сликата е искористена за да се направи приказна, која толку се прошири, што морав да реагирам. Единствената вистина е во овој текст.
Моето покажување нокти за женска улога во ТЛЗП, нема никаква врска со тој симбол.

Ме напаѓаат и обвинуваат дека сум ја навредил Србија. Никогаш не би навредил ниедна држава, а камоли Србија, во која ја започнав кариерата и во која имав толку успеси, или пак мојата земја, Македонија.

Разочаран сум од овој напад врз мене. Секогаш сум се трудел да бидам коректен и професионален. Никогаш не би направил нешто за да навредам било кого, тоа едноставно не е во мојата природа.

Сакам да ја исчистам лагата од моето име пред моето семејство, публиката и сите добри луѓе.

Сите кои ме познаваат, знаат дека нема потреба да се оправдувам. Но, сметам дека јавноста мора да ја знае вистината.
За се` друго ќе се погрижат моите адвокати.

Со почит,
Даниел Кајмакоски

Слични објави

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо
Се вчитува....