23:59 - 8 април, 2026

За добра песна не треба да се брза: Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски ја објави неговата „Да си моја“ (ВИДЕО)

Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во едни такви услови, музичарите не престанаа со музицирање.

Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера.

Живе Мешуревски/Промо

Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов материјал со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа – Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман.

Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат,  врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.

– Долго работевме на оваа песна со Борче и Дејан. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе – вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката.

Бубе Неткова/Промо

За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“.

– Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола – дополни младиот музичар.

Инаку за тие што не знаат, Живе студира соло – пеење опера на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Уживајте во песната и видеото:

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....