8.8 C
Скопје
09:18 - 15 март, 2026

Вознемирувачки детали за самоубиството на внукот на Елвис Присли испливаа на површина! (ФОТО)

Бенџамин Кио (27), внукот на рокенрол легендата Елвис Присли, на почетокот од месецов изврши самоубиство во својата вила во Калабасас. Внукот на рокенрол легендата бил пронајден со рана од куршум на градите. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство, но дека некои околности не се јасни.

профимедиа

Синот на Лиса Мари Присли, ќерката на Елвис и Присила Присли, кој го доби од бракот со музичарот Дени Кио, а со кој ја има и ќерката Рајли, се самоуби на роденденската забава на својата девојка Дијана Пинто и зетот Ден Смит Питерсон.

Според известувањата на странските медиуми, нивните соседи во раните утрински часови на 12 јули слушнале жена како вришти, а за која се верува дека е Пинто: „Немој тоа да го правиш!“.

профимедиа

Полицијата стигнала околу шест часот наутро и го пронашла телото на Бенџамин во купатилото. Бенџамин се заклучил во едно од трите купатила и си пукал себе во главата.

Во шокантниот пресврт на настаните, полицијата од Лос Анџелес открила дека обдукцијата покажала што точно се случило. Бенџамин ја отворил устата и го повлекол чкрапалото, така што си пукнал себе си во главата, а не во градите како што првобитно било заведено во документите.

профимедиа

Тоа што можеби е пошокантно е што местото на кое Бенџамин се самоубил, тоалетот, е истото место на кое во 1977 година било пронајдено мртвото тело на неговиот славен дедо.

Останува непознато дали со самоубиството во тоалетот, Бенџамин на некој начин сакал да потсети на својот дедо, особено кога се има во предвид дека Лиса Мери, неговата мајка, секогаш ја истакнувала сличноста на нив двајца и тоа не само физички.

Странските медиуми наведуваат дека комшиите после убиството, а и по доаѓањето на полицијата, ја слушнале Пинто како разговара со еден од полицајците и вели дека се плаши како семејството на Бенџамин че ја мрази, па дури и обвини за неговата смрт.

профимедиа

Тоа секако не се случило, а Пинто неколку дена подоцна била видена како со мајката на Бенџамин го напушта хотелот во Беверли Хилс во кој Лиса Мари била сместена, држејќи ја за раце.

Девојката која очигледно знае што точно се случило со Бенџамин, момчето со кое помина 4 години во врска, помеѓу останатото се опрости и со зборовите: „Не можам да го замислам својот живот без тебе“.

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....