02:48 - 7 ноември, 2026

„Води ме“: Калиопи со силна поддршка за Лина Ѓорческа

Силна поддршка на тенисерката Лина Ѓорческа ѝ даде Калиопи во најважните моменти од нејзината кариера.

Калиопи покажа дека знае да ги препознае и поддржи врвните успеси на македонските спортисти. Таа на својот инстаграм-профил сподели видео од најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, заедно со својата песна „Води ме“, испраќајќи ѝ симболична порака за поддршка.

Во објавата, Калиопи ја означи Ѓорческа и стави срце, со што јавно ѝ честиташе на тенисерката за историскиот успех што го постигна на Вимблдон.

Фото: Скриншот

Лина Ѓорческа деновиве испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, откако стана првата македонска тенисерка која обезбеди пласман во главниот жреб на Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир во светот.

До овој успех стигна по три победи во квалификациите, меѓу кои и убедливиот триумф над Италијанката Лучија Бронцети во решавачкиот меч.

Ова е круна на долгогодишната кариера на 31-годишната тетовчанка, која со години е најдобрата македонска тенисерка. Ѓорческа во кариерата има освоено 15 ИТФ титули во сингл и 47 во двојки, а во 2017 година го достигна и својот најдобар пласман на ВТА-листата – 170. место во сингл и 116. место во двојки. Таа е и една од најуспешните македонски репрезентативки во настапите во Били Џин Кинг купот.

Историскиот настап на Вимблдон претставува најголемото достигнување во нејзината кариера досега и успех што многумина го оценија како еден од најзначајните моменти во историјата на македонскиот тенис.

Љубовта кон тенисот ѝ била пренесена од нејзиниот брат со кого редовно одела на тренинзи.

„Мојот брат првично тренираше тенис, редовно одев со него на тренизи и сакав да пробам, па така забележав дека ми оди со рекетот и со малото топче. Спонтано го засакав овој спорт“, раскажа Лина за „Слободен печат“.

Нејзиниот татко, Владимир Ѓорчески-Ципа пред некоилку месеци ја загуби битката за својот живот.

„Татко ми до 18 години секој ден ме возеше од Тетово до Скопје и назад, тој ми е ‘ветер во грб’“, изјави Лина во интервјуто.

Таткото на Лина, поранешниот одбојкар Владимир Ѓорчески-Ципа, почина во мај на 66 години во Тетово.

Ѓорчески кариерата ја започнува во „Југохром“, каде минува две сезони, а потоа пет години е дел од „Работнички“ и пет сезони настапува за Вардар.

Интернационалната кариера ја гради во Барселона, Шпанија и грчки Арис.

Лина многу од своите успеси посвети на нејзините родители.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....