02:53 - 7 ноември, 2026

(Фото) Едита Арадиновиќ го покажа трудничкото стомаче – ситно ги брои последните денови до породувањето

Едита Арадиновиќ ги брои последните денови до раѓањето на своето прво дете. Пејачката, која е во деветтиот месец од бременоста, на социјалните мрежи сподели нова фотографија на која гордо го покажува трудничкото стомаче.

Фотографијата е направена во природа, каде што Едита позира во лежерно издание, со насмевка на лицето. Нејзината објава брзо доби бројни позитивни реакции, а следбениците ѝ упатија честитки и убави желби во пресрет на породувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by едита (@editaaradinovic)


Во последниот период пејачката поретко се појавува во јавноста, бидејќи времето го посветува на бременоста и на подготовките за доаѓањето на ќерката. Сепак, повремено објавува фотографии и моменти од секојдневието, кои секогаш предизвикуваат голем интерес кај нејзините обожаватели.

Покрај подготовките за проширување на семејството, Едита неодамна започна и со изградба на нов дом на Авала. Таа на социјалните мрежи покажа како изгледа парцелата и откри дека изградбата ќе трае околу една година.

Фото: Скриншот

Пејачката веќе се сретнала со архитектот за да ги договори првите чекори околу проектот, а низ шега им порача на своите следбеници дека ќе ги вклучи во целиот процес.

„Денес е еден од оние потешки денови, но имам толку многу обврски што немам време да размислувам како се чувствувам. Можеби во овој процес и вие ќе ми помогнете мене, а можеби и јас вам. И да, понекогаш ќе бидам напорна, затоа што овој процес ќе трае една година, но ветувам дека ќе биде забавно“, напиша Едита.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....