03:02 - 7 ноември, 2026

(Видео) Татјана Лазаревска емотивно за Владо Јаневски од Австралија, му ја посвети нивната „химна“

Во чест на Владо Јаневски, фолк-пејачката Татјана Лазаревска имаше исклучително емотивен настап пред македонските иселеници во Австралија каде што долги години живее.

Таа од сцената оддаде длабока почит кон неодамна починатиот кантавтот Владо Јаневски, повикувајќи ја публиката со громогласен аплауз да го поздрави неговото творештво кое остави неизбришлива трага во македонската забавна музика.

„Неодамна нѐ напушти. Тоа е нашиот драг колега Владо Јаневски, за жал… Многу рано нѐ напушти, остави многу, многу хитови. И сакам оваа вечер со еден аплауз горе на небото да го поздравиме нашиот великан Владо Јаневски. Одиме со нашата химна“, рече Татјана Лазаревска.

По овие зборови, пејачката најави дека во негова чест ќе ја испее безвременската „Ова е само наше Скопје“, еден од најголемите хитови на Владо Јаневски.

Владо почина на 28 јуни во Скопје, по кусо боледување, на 65 години.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....