Иако не треба да се паничи околу моменталната пандемија, ситуацијата е доволно сериозна и стравот на луѓето во овие околности е сосема разбирлив и нормален.
Но, постојат и поединци кои сметаат дека коронавирусот „не е ништо страшно“.
Руѕката манекенка, Викторија Боња, ја шокираше јавноста кога на социјалните мрежи напиша дека смртта на голем дел од човештвото не е ништо страшно, односно дека тоа дури е и добро за планетата Земја.
Во својот видео-пост, Боња зборува дека коронавирусот е нешто што и е потребно на земјата.
„Човештвото ја уништи оваа планета. Искрено, повеќе ме плаши смртта на нашата планета, отколку на луѓето“, вели манекенката во својата видео-објава на Инстаграм.
Боња продолжи со образложување на своите уверувања на Инстаграм и во пишана форма, истакнувајќи дека во претходните 50 години ја убиваме Земјата и дека овој вирус може да биде добар за нас.
Таа додава дека не му посакува на никому болест или смрт, но истакна дека оваа криза ќе не научи повеќе да ја цениме природата, како и животните, чистиот воздух и сето она што ни го нуди оваа планета.