15:26 - 27 август, 2026

(ВИДЕО)„АЈДЕ ИЗЛЕЗИ, ИЗЛЕЗИ“: Сораја и партнерот избркани од скопска кафеана

Познатата српска старлета Сораја Вучелиќ и нејзиното ново момче минатиот петок биле исфрлени од кафеана во Скопје, објави српски Курир повикувајќи се на снимка која ја добиле.

Инцидентот се случил кога сопственикот на објектот дошол до нивната маса да ги поздрави, но, тоа на партнерот на Сораја не му се допаднало, објавува порталот и додава дека момчето го избркало газдата од масата по што настанал хаос.

– Штом Сораја влезе со своето момче во локалот, на присутните гости им падна в очи. Со неа беше постар господин кој цело време беше намуртен. Седнаа на слободна маса, а таа се правеше важна. Во еден момент сопственикот на кафеаната дојде да се поздрави со старлетата и со нејзиното момче, но тие го избркаа. Сите бевме зачудени поради нивното однесување. Можеби тој нејзиниот беше љубоморен, а газдата само сакаше да биде учтив и да им посака добредојде дека првпат влегоа кај него во објектот. Меѓутоа, не очекуваше дека ќе доживее непријатност. Кога виде со кого има работа, се заврте и замина, а потоа дојде келнерот кој ги замоли да си заминат од локалот, но пред тоа да ја платат сметката, раскажува соговорникот. Според неговите зборови, Сораја во првиот момент одбила да платат за она што го испиле.

Сораја во кафеана во Скопје/ Фото: Курир.рс

Беше многу непријатна. Со келнерот  беше човек од обезбедувањето, кој ја следеше ситуацијата. Тој им рече да ја платат сметката и мирно да излезат од кафеаната. Тогаш Сораја полуде. Иронично се насмеа и на келнерот му рече дека нема намера да ја плати сметката зошто таа е голема ѕвезда која никој досега ја нема избркано од угостителски објект. Тоа не и помина зошто момчето од обезбедувањето и порача дека не ги интересира која е таа и дека сметката мора да се плати. Тогаш нејзиното момче ги извади парите, му даде на келнерот во раце, а потоа со придружба излегоа од кафеаната, тврди изворот, кој присуствувал на инцидентот, за што сведочи и снимката која ја поседува српскиот портал.

Иако музиката била гласна, на видеото, според порталот јасно се слушало како гостите кои биле сведоци на оваа непријатна ситуација и дофрлаат на старлетата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara 🧿 (@sorajavucelic)

Ајде излези. Излези, и викале. Таа не реагирала на тоа, ја облекла бундата и лута излегла со своето момче. Седнаа во неговиот џип БМВ Х6 и заминаа во непознат правец, изјавил еден од присутните гости во ресторанот.

Слични објави

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....