08:38 - 15 декември, 2025

(Видео) Весна Петрушевска ѝ го честиташе 20. роденден на ќерка ѝ: „Да те немаше, пак ќе те пронајдев и ќе беше моја!“

Македонската актерка Весна Петрушевска објави емотивно видео со кое ѝ го честиташе 20. роденден на својата ќерка Мина, која од минатата година живее во Дубаи, каде работи.

Исто така, Петрушевска објави и компилациско видео со едни од најубавите семејни фотографии во последните две децении.

„Мина имаше 9 месеци и 3,5 килограми. Буквално кукла на батерии, да ти е страв да ја гушнеш оти беше порцеланска кукла.

Поминавме заедно како за три животи, јас и таа.

Но, таа нејзина насмевка ги освојува сите. Кога летово си замина за Дубаи со Мони (третото дете) ми кажа:

’Конечно ќе се ослободам од сите што ме гледаа под око и што не ме разбираа. Само ти ќе ми фалиш од Македонија и баба… Тато ќе го видам скоро‘.

Денес полни 20 години, живее во Дубаи со Моника, оди на работа каде сите ја сакаат оти таа освојува на прва топка.

Ова е првиот роденден каде не сме заедно.

Ние родителите треба да сме лакот, а децата стрелата. Љубовта е несебична и многу повозвишенa од што можеме да претпоставиме.

Мина, Минка, Миниминима среќна 20-ка ќерка. Да те немаше пак ќе те пронајдев и пак ќе беше моја ќерка! Убаво да си поминете со Мони и колегите! Ова е твој ден и наздрави за сите нас!“ – ѝ порача Весна на ќерката.

Слични објави

(Фото) Голема промена кај Весна Бејби по 20 години, а покажа и каква е кога ќе стане од спиење

msp-admin

Хороскоп за 15 декември: Девиците ќе доживеат кулминација, Јарците ќе ги истакнат своите квалитети

Еспресо

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо
Се вчитува....