15:14 - 13 ноември, 2026

(Видео) Теодора Џехверовиќ на удар на критики — српската пејчка повторно копира светски ѕвезди?

Само неколку дена по објавувањето на трите нови песни, Теодора Џехверовиќ е главна тема на социјалните мрежи. Наместо за музиката, овојпат се зборува за наводните сличности меѓу нејзините нови видеоспотови и проекти на светски музички ѕвезди.

Најмногу реакции предизвика еден кадар во кој Теодора се појавува на врвот на зграда, опкружена со светлосни блицеви и градска панорама во позадина.

Дел од корисниците на социјалните мрежи веднаш направија споредби со култниот спот за песната „Crazy in Love“ на Beyoncé.

Дополнителни коментари предизвика и стајлингот на пејачката, за кој многумина сметаат дека потсетува на изгледот што Бијонсе го носеше во споменатиот спот.

Но, критиките не застанаа тука. Некои фанови забележаа и сличности меѓу песната „Дежа ву“ и истоимениот грчки хит што го изведуваат Лила и Рак.

На социјалните мрежи се појавија бројни коментари:

„Таман сакав да го пофалам ЕП-то, а потоа ископира еден од најиконичните моменти во музичките спотови.“

„Речиси секој нејзин спот е копија на нешто од странство.“

„Не знам дали е до неа или до тимот што работи со неа.“

Ова не е првпат Теодора Џехверовиќ да биде обвинета за копирање. Во изминатите години често беше споредувана со светски музички ѕвезди поради одредени сценски настапи, визуелни решенија и модни комбинации.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....