15.8 C
Скопје
13:13 - 24 октомври, 2026

(Фото) Игор Џамбазов со интересна приказна за ќерката на Мики и Светлана Црнокрак

Интересна приказна за Моника, ќерката на Мики и Светлата Црнокрак, сподели Игор Џамбазов.

Шоуменот, актер и музичар Игор Џамбазов со објава на социјалните мрежи покажа дека ги негува убавите спомени од минатото. Тој објави прекрасен колаж од две фотографии кој сведочи за едно долгогодишно пријателство и за тоа како времето брзо лета.

На горната фотографија е прикажан помладиот Игор со Моника Црнокрак кога била мало тригодишно девојче, додека долната фотографија е направена неодамна, прикажувајќи ги во речиси идентична поза, но овојпат со Моника како израсната, прекрасна млада жена.

Објавата првично ја сподели Мики Црнокрак со кус опис: „Само 24 години пред и потоа“, по што Игор искоментира коментар во негов препознатлив стил.

„Имаше три годинки, и ме викаше ‘Тита’, што и да и значеше тоа. Денес е една од најубавите жени во Македонија. Светле и Мики, да бидете горди на неа“, напиша Игор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monika Crnokrak (@mcrnokrak)

Постарата ќерка на најпознатиот моден пар кај нас, Мики и Светлана Црнокрак, одамна тргна по успешните стапки на своите родители и веќе зад себе има неколку престижни титули за убавина.

На престижниот избор за убавина кој се одржа во Бејрут, Либан оваа година, Моника постигна огромен успех со тоа што беше прогласена за петта придружничка во силна конкуренција на девојки од цела Европа. На финалната вечер таа блесна во стилизирана модерна верзија на македонска народна носија. На истиот овој избор во Либан во 2023 година, Моника исто така не се врати со празни раце. Таа тогаш официјално се закити со титулата Мис фотогеничност.

Својот прв интернационален настап Моника го имаше на Кипар во 2018 година, каде уште тогаш ја освои титулата Мис фотогеничност на Мис лето интернационал.

Како што и самиот Игор порача, Мики и Светлана навистина имаат огромна причина да бидат горди на својата наследничка.

И нивната помалата ќерка Нина Црнокрак, иако е сè уште тинејџерка, таа веќе сигурно гази по светските модни писти за деца и млади и реди значајни интернационални успеси:

Најновиот и досега најголем успех на Нина доаѓа од интернационалниот избор за убавина и талент одржан во Банско, Бугарија. 14-годишната Нина, како претставничка на Македонија преку матичното студио, успеа да ја освои главната и најпрестижна награда на овој натпревар оваа година.

Во 2023 година, на само 11-годишна возраст, Нина ја претставуваше нашата држава на светскиот детски избор за убавина во Варна, каде во силна конкуренција на деца од целиот свет успеа да ја освои престижната титула и да се закити со круната на победничка.

На 10 години, таа ја освои главната титула на изборот „Little Miss & Mister Galaxy“.

Слични објави

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

К.С.
Се вчитува....