11.8 C
Скопје
20:47 - 3 април, 2026

(Видео) Слушнете ги двете нови песни на Дино Мерлин: „Ова се песни за нашите љубови, за нашите животи…“

Непосредно пред почетокот на новата година, со дури 12 распродадени арени за нешто повеќе од еден месец, сараевскиот музички волшебник реши да ѝ се оддолжи на својата верна публика со две нови песни.

Песните доаѓаат токму навреме – за дополнително да се наелектризира и онака вжештената атмосфера пред претстојните закажани концерти.

Првата нова песна која ја лансираше Дино Мерлин е насловена „Наскоро доаѓа зима“.

Станува збор за нова балада од неговата креативна работилница, а воедно го објави и дуетот „Не радујеме се“ со белградскиот мултиинструменталист Марко Луис.

Двете песни ќе бидат премиерно изведени во живо на првиот од четирите распродадени концерти во белградска Арена.

„Ова се песни за нашите животи, за нашите љубови, среќа и разочарување, за се она низ што сите ние заедно минуваме во нашите животи. Верувам дека долго заедно ќе ги пееме“, порача сараевскиот музичар по излегувањето на двете песни кои имаат и свои видео спотови.

Слични објави

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо
Се вчитува....