5.8 C
Скопје
01:25 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) „ПРЕТЕПАНИ“ КЕЈТ МИДЛТОН И КАМАЛА ХАРИС: На интернет кружат вознемирувачки фотографии од познати жени

Според „Daily Mail“, ова е кампања против насилството врз жените, а во неа се вклучени бројни жени чии фотографии се фотошопирани за да се прикажат последиците од насилството. Фотографиите на Кејт Мидлтон се обработувани без дозвола од палатата, а моментално фотографиите на војвотката може да се видат во повеќе европски градови.

Покрај Кејт, кампањата вклучува фотошопирани лица на потпретседателката на СAД, Камала Харис, кралицата Летиција и германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен.



Секоја фотографија е придружена со ист текст:

Го пријавила. Но никој не ѝ веруваше – Но таа остана сама. Но таа беше незаштитена – Но тој не беше запрен. Но на крајот таа беше убиена.

Британскиот „The Sun“ пишува дека палатата воопшто не била информирана дека фотографијата на Кејт Мидлтон ќе биде искористена за такви цели. Целта на кампањата е да шокира, а не да сугерира дека некој од луѓето на сликите навистина го преживеал насилството, објаснува италијанскиот активист и уметник Алесандро Паломбо, кој ги фотошопирал фотографиите на познатите дами со цел да го привлече вниманието на властите и политичарите.

Сепак, на социјалните мрежи Паломбо не доби голема поддршка.

– Ова не е ни најмалку интересно. Не користете фотографии од жени кои не ви дале дозвола за тоа, е еден од бројните коментари на кориниците на социјалните мрежи за оваа кампања.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....