23:01 - 22 септември, 2026

(Видео) „Плачев со Тома Здравковиќ и со Цуне Гојковиќ“ – Наум Петрески откри емотивна приказна

Емотивни приказни за Цуне Гојковиќ и за Тома Здравковиќ раскажа Наум Петрески во Белград, додека беше специјален гостин и член на жирито во популарната емисија „Никогаш не е доцна“.
Познат по својот моќен глас, но и по својата искреност, Наум ги освои симпатиите на публиката ширум Балканот.

Запрашан за песните кои можат да го расплачат, Петрески се присети на своите големи пријатели и легенди на српската народна музика кои повеќе не се меѓу нас.

„Апсолутно, сум плачел со многу мои колеги од Србија, како што беа чичко Тома Здравковиќ, чичко Цуне Гојковиќ, па мојот другар Џеј Рамадановски и уште цела плејада имиња“, изјави Наум во емисијата.

Посебен впечаток остави приказната за неговото дружење со легендарниот Предраг Цуне Гојковиќ, со кого Наум делел многу повеќе од само заеднички настапи.

„Имам многу анегдоти. Еве, чичко Цуне, на пример, беше гостин на три мои концерти. Си поминувавме извонредно. Тој не смееше да консумира алкохол, но јас така тајно му носев по некоја вотка. Не оди музика без емотивност и без алкохол, тоа го нема во Македонија, како што велиме ние“, низ смеа раскажа Петрески.

Иако важи за еден од најголемите музички авторитети, Наум истакна дека во жирито се води според својот инстинкт и долгогодишно искуство.

„Кај мене тоа оди природно. Слушам, па оценувам“, кратко објасни тој, нагласувајќи дека е среќен што може да го поздрави целиот Балкан преку овој музички проект.

„Радосен сум што можам да ги поздравам сите во овој наш Балкан. Мислам дека ќе си поминеме многу убаво и позитивно. Не сум судија“, рече Наум Петрески.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ денеска полни 31 година: Мајка ѝ Борка објави досега невидени фотографии од нив двете

Еспресо

Сузана Манчиќ за новата улога на баба: „Ѝ реков на ќерка ми дека нема многу да ѝ помагам“

Еспресо

„Еден бакнеж“, песната од која Нина Спирова не била воодушевена, а станала нејзин заштитен знак

Т.Ц.

Милиќ Вукашиновиќ жестоко го прозва Бреговиќ: „Стана мала селска измамничка“

Еспресо

(Фото) Полноќно изненадување за Маја Шупут во хотелската соба – го прослави роденденот во Лондон

Еспресо

(Фото) Македонскиот шминкер Марјан Петров го прослави роденденот во Милано, се сретна со Адријана Лима и Сијара

Еспресо
Се вчитува....