01:52 - 10 ноември, 2026

(Видео) Неверојатна трансформација: Вдовицата на Дино Дворник изгледа како девојка – никогаш позгодна!

Иако има 58 години, Данијела Дворник редовно тренира и се грижи за здрав начин на живот, што јасно се гледа на нејзиниот изглед. Сопругата на легендарниот музичар го воодушеви својот бројен аудиториум на социјалните мрежи со нова фотографија од теретана. Во тесна спортска опрема, таа ја истакна неверојатната линија и витката фигура.

„Тренингот е мојата утринска молитва. Секогаш ме прашуваат како имам сила да се натерам. Одговорот е едноставен – имам, и кога сакам и кога не сакам. Чувството по одработен тренинг е толку добро што тоа ме тера повторно да одам. Понекогаш доаѓам безволна и мислам дека нема да издржам, но телото ме демантира. Не само што го одработувам тренингот, туку давам и максимум од себе. По тоа, можам сè. Денес сум си најдрагата и најдобрата верзија од себеси. Понекогаш се плашам кога ќе си признаам – имам 58 години, а се чувствувам како да имам 48“, напиша Даниела.

Таа додава дека вежбањето не менува само тело, туку и ум: „Уморот од тренингот е најздравиот умор, затоа што не ве носи кон лоши мисли“.

Даниела често пишува за својот покоен сопруг, а еднаш се потсети и на неговата филозофија за животот: „Проаѓаат години, вистинска среќа е што ги доживуваме. Тоа го сфатив во моментот кога Дино почина. Тогаш ја разбрав неговата позната реченица – ‘Данчи, не разбирам зошто драматизираш, тебе роденден ти е секој ден’. Кога јас негодував што ќе го заборави мојот роденден или нема да ми донесе подарок, тој секогаш велеше – ‘Те сакам секој ден, зошто би требало на овој ден да те сакам повеќе?’“

Таа откри дека со него животот бил полн со хумор и непредвидливост: „Не беше тоа романтична љубов од филмови, туку сурова далматинска љубов – со тебе сум, значи те сакам“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....