-1.2 C
Скопје
02:41 - 27 февруари, 2026

ВИДЕО: Неочекуваната соработка на Дино Мерлин со Сенида предизвика вистинска експлозија на Интернет!

Instagram

Само два месеци откако ја изненади регионалната сцена со долгоочекуваната песна „Ние“ за која сними и видео спот, Дино Мерлин во новата година влезе со нова музичка сензација.

За време на онлајн дочекот на 2021 година, светот се воодушеви од новиот дует на Мерлин со првата дама на трап сцената – Сенида.

Песната „Dođi“ или „Дојди“ предизвика вистинска експлозија на „Јутјуб“ и социјалните мрежи, видеото беше прегледано дури 200.000 пати за помалку од два часа. А сега видеото има 3,897,268 прегледи.

Instagram
Instagram

После долгата и исцрпувачка турнеја „Хотел Национал“, се обидов повторно да го пронајдам својот мир, одмор од светот и луѓето, па решив да отпатувам во еден голем град каде, бегајќи од сè, се обидов да се вратам на себе, за да дознаам дека не можам да бидам сам“, објаснува Дино Мерлин за „Индекс“.

youtube
Принтскрин / Youtube

Така настанаа првите стихови од оваа песна, а Сенида беше совршен партнер за овој дует, како ехо и втор глас“, вели сараевскиот музичар.

Самата најава за оваа, навистина неочекувана, музичка соработка на социјалните мрежи  предизвика ерупција на ентузијазам. Видеото заврши на тренд листите на најгледани видеа во регионот на „Јутјуб“. Без сомнеж „Дојди“ веќе станува радио и интернет хит.

Покрај интересната мелодија на песната, спотот е фасцинантна фузија на традиционалното минато и минатото. Видеото се снимало во Сараево и Лукомир и е во режија на словенскиот режисер Кукла.

youtube
Принтскрин / Youtube

Соработката со Дино за мене е остварување на сонот, моето срце е исполнето… Уште еднаш си докажав дека она што се сака со целото битие и душа е остварливо. Ова е вистински доказ и мотивација за во иднина. Ништо не е невозможно и сега слободно можам да продолжам да сонувам“, изјави словенско – црногорската пејачка Сенидах.

Instagram
Instagram

Оваа година дефинитивно беше различна за сите нас, времето поминуваше чудно и се случуваа чудни работи. Снимањето го поделивме во неколку фази и секој нареден пат нашата енергија се ширеше и стануваше посилна. Открив и преубави делови од Босна, запознав драги луѓе, а Дино толку добро се грижеше за мене и не дозволуваше ништо да недостасува“, вели 35-годишната пејачка.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Краткиот шорц ѝ ги истакна долгите нозе: Ќерката на Здравко Чолиќ на ноќно излегување по бомбашкиот напад на нивниот дом

Еспресо

„Ќерките се селат и се мажат, нормално е“: Харис Џиновиќ за преселбата на Ѓина во Барселона и неговиот зет

Еспресо

(Фото) Дечкото на Тања Савиќ го прослави 30. роденден: Муки направи фешта, а „падна“ и бакнеж

Еспресо

(Фото) Се бакнуваат, таа стави и сино срце: Љубовната објава на Милица Тодоровиќ ги воодушеви луѓето!

Еспресо

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Објавен дел од исповедта на Цеца во филмот за Саша Поповиќ: „Тоа што го кажа нема цена“

Е.А.
Се вчитува....