11:46 - 2 јануари, 2026

ВИДЕО | Крис Хемсворт изгледа како вистински ѕвер: Жените воздивнуваат кога ќе ги видат неговите мускули!

Instagram

Тој е вистински ѕвер, а сега планира да изгради уште посилни мускули: Жените се прашуваат дали воопшто може да биде подобро од ова?

Славниот актер се подготвува за улогата на Хоган Хулк, па често објавува видеа и фотографии од тренинг без маица.

Австралискиот актер Крис Хемсворт (37) на социјалната мрежа Инстаграм објави видео од тренинг со боксување и по тој повод воодушеви милиони следбеници со својот изглед.

Имено, видео клипот што неодамна го објави Крис веќе има повеќе од 6 милиони прегледи, а сите гледаат само во неговите огромни мускули на рацете и во „плочките“ на стомакот, на кои воздивнуваат жените ширум светот.

Згодниот Австралиец сакаше да покаже како се подготвува за улогата на Хоган Хулк во новиот проект што „Нетфликс“ многу го најавува.

Ова лето, сексапилниот Крис објави дека ќе ја толкува оваа улога, па затоа рече:

„Можете да претпоставите дека подготовката за таа улога бара огромна физичка подготвеност“, рече тогаш Хемсворт.

Не е познато кога филмот ќе биде прикажан на Нетфликс, ниту кога ќе започне снимањето, но фановите едвај чекаат да го видат затегнатото тело на Крис на екраните.

Крис тренира толку често што неговиот колега Крис Прат се пошегува со него:

– Еј пријателе, само што слушнав од мојот тренер, и тој ми рече дека мора да престанеш да тренираш. Бидејќи ќе бидеме во ист филм, тој не сака да застанам покрај тебе ако изгледаш така. Поради тоа, ќе мора брзо да качам 15 килограми. Ви благодарам многу , се пошегува Прат, но Хемсворт не одговори на неговата шега.

Актерот моментално го снима трилерот „Escape From Spiderhead“ во неговата родна Австралија, а последната година, поради пандемијата на коронарниот вирус, беше постојано на овој континент со семејството и не отиде во неговата вила во Холивуд.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ во мини и деколте, а дечко ѝ опкружен со трубачи: Вака ја прославија Нова година во Црна Гора

Еспресо

2025 остави трагични лузни: Пеце од „Суперхикс“ си ја отвори душата

msp-admin

Организаторот кого Весна и Ѓоле Ѓогани го обвинија за неисплатен хонорар: „Во итна помош сум, се плашам дека ќе умрам“

Еспресо

(Фото) Ова го доби Слаткар од Сања за Нова година: Изненадување за саканиот

msp-admin

(Видео) Северина со провокативно видео ја откри желбата за 2026 година: „Да се вљубам во некој нормален“

Еспресо

Спомена џип на сопруг и плата од 400 евра: Миа Костова изненади со новата приказна

msp-admin
Се вчитува....