20:03 - 11 април, 2026

(Видео) Јелена Ѓоковиќ направи роденденска журка до зори, а потоа падна во прегратките на Новак

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментот се опоравува од повредата здобиена на Ролан Гарос, а целото слободно време го поминува со семејството. Она што неодамна ја воодушеви јавноста е роденденската прослава на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.

Јелена во понеделникот го прослави својот роденден и по тој повод направи голема забава во еден ресторан во Белград, каде ги собра пријателите.

Пејачите Милица Тодоровиќ и Стеван Анѓелковиќ беа музичкиот избор на Јелена, а сопругата на Новак Ѓоковиќ со пријателите танцувала, пеела и скокала во ритамот на музиката. Песната „Котор“ особено ја инспирирала за танцување, а покрај неа биле нејзините пријатели.

Фотографиите и видеоматеријалите го преплавија интернетот, а судејќи по објавите на гостите на прославата, брачниот пар уживал во секој момент од оваа вечер.

Јелена во еден момент играла и танцувала со пријателите, а во следниот паднала во прегратките на Новак. Потоа следувал емотивниот танц на брачните партнери, кој во вид на видеоматеријал стигна и до социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). Овој момент доловил колку тие двајца имаат нежности еден за друг.

 

 

 

Слични објави

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо
Се вчитува....