6.8 C
Скопје
08:51 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) ИНСТАГРАМ ВО ЖАЛОСТ: Доктор Горан се простува од своите бројни фанови!

Познатиот доктор – инфлуенсер кој личниот и професионален живот, посветено и несебично го споделуваше со своите фанови на социјалните мрежи, познат по името Горан Трајковски или попознат само како Доктор Горан за жал, но и за среќа на кратко се простува од својата работа на инстаграм и од своите бројни фанови.

Фото: Принтскрин / Instagram

Доктор Горан кој во реалниот живот покрај на инстаграм дава совети и спасува животи веќе 5 години како специјализант по Интерна медицина во Баварија реши малку да одмори од бројните прашања и снимањето забавни содржини за своите повеќе од 40. 000 фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

Дечки! Драги пријатели! После 2 ипол години непрекинато секојдневно објавување, профилот @doktor.goran зема заслужен годишен одмор од неколку недели… Имам нови предизвици на професионално поле на кои морам целосно да се посветам за да ги совладам. Така ќе бидам подобар лекар и за себе и за вас. Имам многу планови и идеи но за жал само ограничено време па морам да приоризирам. Дружбата со вас ми го направи престојот во дијаспора многу полесен и поубав. Профилов започна како место за шала но прерасна во нешто сосем друго. Благодарам на сите за поддршката, љубовта, комуникацијата и убавите коментари. По годишниот одмор продолжуваме како и досега. Доколку ви недостасувам пуштете си некое од старите видеа, ги има многу… Кога ќе се вратам ви ветувам нови интересни содржини и лајф разговори. Во блиска иднина ќе ги намалам работните часови за да имам повеќе време за себе, фамилијата, хоби и за вас. Се надевам ме разбирате, не се лутите и ми дозволувате да земам краток одмор. Со љубов и почит, ваш Доктор Горан, стои во објавата на докторот преку која на кратко се збогува од своите илјадници фанови.

Фото: Принтскрин / Instagram

Причината за оваа одлука е само малку одмор од социјалните мрежи и секако повеќе време за неговата сопруга Александра и синчето Себастијан.

Фото: Принтскрин / Instagram

Ќе издржиме неколку недели и секако го очекуваме со нови забавни и едикативно содржини.

Убав одмор докторе!

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....